Се покажа дека Су-57 е подобар од својот американски ривал според максималната брзина, затоа што развива 2600 км/ч, додека F-35 може да лета со 1931 км/ч. Исто така, подобар е и во однос на должината на летот без дополна на гориво - рускиот авион лета 5,8 часа, а американскиот 2,36 часа. Максимална полетна маса на Су-57 изнесува 35480 кг, а борбената носивост 10000 кг, додека за F-35 првиот показател е 31751 кг, а вториот 8160 кг.
Инфографиката ја направи агенцијата Anadolu, а на руски ја објави весникот „Взгљад“, но со грешка – пермутирани се вредностите на максималната полетна маса и борбената носивост.
Меѓу другото, турската агенција го истакнува фактот дека рускиот ловец развива суперсонична брзина без форсажно согорување, како и високите маневарски можности, додека за F-35 е битно тоа што има вертикално полетување и слетување, како и можност за координирање на други авиони во непријателската зона.
Весникот наведува дека пречките кои САД го создаваат во врска со испораката на авионите F-35 ја присилуваат Турција да размислува за алтернативни варијанти, меѓу останатото и за купување руски ловци Су-57.
Стејт Департментот ѝ се закани на Анкара со преиспитување на нејзиното учество во програмата за испорака на F-35 поради тоа што Турција сака да купи руски ПВО-системи С-400. Покрај тоа, државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави дека Турција не може има во својот арсенал истовремено и С-400 и F-35.