Су-35, руски мултифункционален суперманеварски ловец од генерацијата 4++
Вадим Савицки/Global Look PressСудејќи според публикацијата што ја објави „Национален Интерес“, рускиот авион ќе им биде сериозен противник на Американците. И покрај номиналната разлика во генерациите, резултатот од замислениот судир во воздухот не е очигледен. Ова списание признава дека Су-35 според маневарските можности, вооружувањето и електрониката не заостанува зад западните ловци од ист ранг како што се F-15 Eagle и Eurofighter, но ќе биде проблем и за авионите F-22 и F-35, пренесува порталот rg.ru.
„Благодарение на маневарските можности Су-35 е ненадминат борец“, нагласува „Национален Интерес“. Овој авион може да се движи во еден правец додека клунот му се врти во друг. Тоа го олеснува отворањето оган врз цел која се обидува да побегне. Таквите маневарски можности му помагаат на овој ловец и самиот да избегне непријателска ракета и ефикасно да се бори на мали растојанија. Во публикацијата се истакнува дека според маневарските можности засега само F-22 Raptor може да се мери со рускиот Су-35.
Авионот Су-35 развива брзина од 2,25 маха на големи висини, па и според тој показател е подобар од американските авиони F-35 и F-16. Рускиот ловец е подобар од американскиот F-35 и според максималната висина на која може да функционира.
F-35 и F-22
Leonid Faerberg/Transport Photo Images/Global Look PressСу-35 има од 12 до 14 држачи на суспензијата, така што и според тоа е во предност во однос на F-15, F-22 и F-35 кои имаат далеку помалку држачи. Су-35 е вооружен со ракети со различен дострел - од 40 до 200 км. Во воздушна борба пилотот може да го користи нишанот на својот шлем. Покрај ракетното вооружување, Су-35 има и авионски топ калибар 30 мм со150 проектили.
„Национален Интерес“ укажува и на моќниот систем за радиоелектронска борба кој може да ги збуни непријателските ракети. Се споменува и радарот со пасивна фазирана антенска решетка „Ирбис“, кој може да следи триесетина воздушни цели на растојание од 400 км.
Американското издание признава дека во борба на мало растојание, Су-35 би бил „голема неволја“ дури и за „невидливиот“ F-35. Но, на големи растојанија, до 160 км, американските ловци направени по „стелт“ технологија можат први да отворат оган врз рускиот авион. Додуша, во статијата се истакнува и фактот дека рускиот ловец може благовремено да го открие „невидливиот“ американски авион и со помош на копнени, а не само со сопствените радари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче