ВКС на Русија го добија првиот сериски воено-транспортен Ил-76МД-90А

Марина Лисцева/TASS

Првиот сериски тежок воено-транспортен авион Ил-76МД-90А ѝ е предаден на воено-транспортната авијација на Воздушно-космичките сили на Русија. Свечената церемонија на примопредавањето се одржа во улјановското претпријатие за производство на авиони „Авиастар-СП“, пренесе во вторникот, 2 април, дописникот на агенцијата ТАСС, од местото на настанот.

„Денес го одбележуваме примопредавањето и почетокот на експлоатацијата на авионот Ил-76 од нова генерација, моделот Ил-76МД-90А“, соопшти на свечената церемонија на примопредавањето на првиот сериски транспортен авиони Алексеј Рогозин, генерален директор на Авијацискиот комплекс „Илјушин“.

Тој истовремено изрази благодарност до креаторите на авионот. „Сакам секому од вас да се заблагодарам за оваа голема работа што сите вие ја одработивте за да биде можен денешниот празник“, му се  заблагодари на колективот генералниот директор на „Ил“.

Од името на Министерството за одбрана на РФ авионот го прими командантот на Воено-транспортната авијација на ВКС на РФ генерал-полковник Владимир Бенедиктов. „Ова е во суштина нов авион. Врз основа на овој авион се прават авиони-танкери, авиони за далечинско радарско откривање на цели и набљудување <...> На пилотите и персоналот на авијацискиот полк би сакал да им посакам летови без дефект и среќа во обуката, рече командантот на воено-транспортната авијација.

Во церемонијата на примопредавање учествуваа и Владимир Семјонов, извршен директор на акционерското друштво „ОАК-ТС“  (дел од секторот за транспортна авијација на компанијата „Обединета корпорација за производство на авиони“ (Объединённая авиастроительная корпорация), губернаторот на Улјановската област Сергеј Морозов и извршниот директор на акционерското друштво „Авиастар-СП“ Василиј Донцов.

Договор за испорака на авиони Ил-76МД-90А

Министерството за одбрана на Русија склучи во 2012 година договор според кој претпријатието „Авиастар-СП“ треба да направи 39 авиони Ил-76МД-90А за Вооружените сили. Војската планира да купи преку 100 вакви авиони.

Оваа година секторот за транспортна авијација планира да му предаде на Министерството за одбрана на РФ шест авиони Ил-76МД-90А. Првата машина ѝ беше предадена на војската вчера, вториот Ил-76МД-90А со фабрички број 0110 се подготвува за примопредавање и во овој момент завршува го завршува тестирањето на летањето. Останатите четири авиони ќе бидат предадени до декември оваа година.

Ил-76МД-90А е длабоко модернизирана верзија на авионот Ил-76. Благодарение на новиот пилотско-навигациски систем, системот за автоматско управување и системот за врска осигурана е поголема безбедност на летањето, како и прецизноста на движењето на авионот и десантирањето.

Последната модификација на добро познатиот транспортен авион се карактеризира со нова опрема, вклучувајќи и „стаклена кабина“, модерни мотори ПС-90A-76, модифицирани крила и зајакнати тркала. Врз основа на моделот Ил-76МД-90A се прави авионот-цистерна Ил-78М-90А.

Прочитајте повеќе: Важен ден за модерна Русија: Полета првиот транспортен авион конструиран по распадот на СССР

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња