Најновиот руски авион-танкер Ил-78М-90А го изведе својот прв лет

Прес-служба на компанијата „Илјушин”
Авионот помина во воздух 35 минути.

Најновиот руски авион-танкер Ил-78М-90А го изведе својот прв лет, соопшти прес-службата на компанијата „Илјушин”.

„Денес, 25 јануари, авионот-танкер Ил-78М-90А го изведе својот прв лет. Со авионот управуваше пилотот на „Илјушин“, херојот на Руската Федерација и заслужен пробен пилот Николај Дмитриевич Куимов”, се наведува во соопштението.

Според потпретседателот на Обединетата корпорација за производство на авиони, генералниот директор на „Илјушин“ Алексеј Рогозин, неколку странски партнери веќе покажале интерес за овој авион. „Унапредениот „воздушен танкер“ Ил-78М-90А денес го изеде својот прв лет, кој траеше 35 минути. Новиот авион се разликува од својот претходник по модифицираното крило, новите мотори и системот за команди, а исто така има поголема носивост и поголем капацитет за превоз на гориво. Леталото е проектирано за руските Воздушно-космички сили, но за танкерот се заинтересирани и странски партнери”, рече Рогозин.

Унапредениот модел на авионот-танкер е направен врз база на најновиот воен транспортен авион Ил-76МД-90А, а во проектирањето и изработката на документацијата, како и во производството на авионот се користат современи дигитални технологии.

Благодарение на тоа што има четири мотори од нова генерација ПС-90А-76 напредниот авион-танкер има поголем домет на летање и може да носи поголема количина гориво за танкирање од претходните модели. Специфичната потрошувачка на гориво кај новите мотори е за 12-14% помала отколку кај моторите мотора Д-30КП, кои ги користат претходните модификации на авионот-танкер.

Освен тоа, во авионот е во целост обновен командно-навигацискиот систем, а исто така е воведена и „стаклена кабина“, која овозможува да се намали оптоварувањето на екипажот и да се зголеми безбедноста на летањето.

Авионот има три уреди во состав на системот за танкирање од типот „црево-инка“: два на крилата и еден на предниот дел на авионот од десната страна. Ил-78М-90А овозможува истовремено да се врши танкирање на два авиона на фронтовската авијација. Од агрегатот на опашката е можно танкирање на авиони на стратешката и специјалната авијација. Во случај на користење на Ил-78М-90А на земја е можно истовремено танкирање на четири авиони.

„Најновиот авион-танкер Ил-78М-90А и понатаму може да се користи како воено-транспортен авион. Пренамената не бара голема дополнителна работа и се реализира во услови на аеродром. Во случај на потреба на авионот може да биде монтирана опрема за гасење на пожари”, истакнуваат од компанијата.

Новиот авион е првиот руски авион-танкер произведен во Русија. Досега сите Ил-78 беа склопувани во Узбекистан.

Прочитајте и за уште една предност на рускиот стратешки бомбардер Ту-95 што ја открија американските експерти

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња