Извор: Марина Лицева / ТАСС
Новата верзија на авионот-цистерна може да превезува повеќе од 65 тони гориво и да лета 13 илјади километри. Во неговите задачи влегува доставување гориво за пресретнувачите и за далечните стратешко носачи на ракети, меѓу кои и оние со нуклеарно оружје. Нарачката од Министерството за одбрана за „Обединетата корпорација за изградба на авиони“ е пристигната во 2014 година. Првите два авиони треба да бидат испорачани на почетокот од годинава. Новите авиони-цистерни ќе можат да превезуваат двојно повеќе гориво и за 2 илјади километри подалеку од нивниот претходник Ил-76.
Авион за носачите на ракети и за претседателот
100 години руска Далечна авијација Најпознатите и најопасните руски стратешки авиони. |
Воздушниот танкер е уште еден обид да се спаси советската разработка на товарниот авион Ил-96, со оглед на тоа дека модернизираната верзија за комерцијални летови не беше успешна. Авионот стана жртва на распадот на СССР. Во деведесеттите години од минатиот век изградбата на авиони во Русија не беше финансирана, а во минатата деценија советскиот модел не можеше да ја издржи конкуренцијата од страна на Боинг и на Ербас, кои имаа два економични мотори, за разлика од Ил-96 кој имаше четири. Руските авиокомпании не го купуваа домашниот модел. Поддршка даде Владата на Русија, која почна со купувањето авион за претседателот на РФ, кој требаше да лета со авион од руско производство од безбедносни причини, а истото се однесуваше и на другите високи службеници. Во 2013 година на државната нарачка ѝ се приклучи и Министерството за одбрана.
На почетокот од 2014 година Управата на претседателот објави нарачка на уште два Ил-96-300 кај Воронежската фабрика за изградба на авиони. Планирано е нарачката да биде предадена до крајот на 2015 година, иако Министерството за индустрија и трговија уште во 2009 година го прекина сериското производство, сметајќи дека проектот нема перспектива поради високата цена на чинење на производството и поради големата потрошувачка на гориво, иако од страна на пилотите авионот беше оценет како безбеден и мошне сигурен за експлоатација.
„Работата на тешкиот 'Ил' не беше прекината дури ни во сложените деведесетти години од минатиот век. Освен модернизацијата на Ил-96, се водеше и разработката на проектот Ил-106“, вели за „Руска реч на македонски“ воениот експерт Олег Желтоножко. Според мислењето на експертот, разработката на цивилната и на воената варијанта на „Ил“ се одвивале мошне бавно за сметка на украинскиот Ан, кој се користеше за војската на воздухопловните десантни сили на Русија и за превоз на оклопни возила. „Без оглед на тоа, летото 2013 година во објавените одбранбени тендери од државната нарачка можеше да се видат резултати за 'разработка на технички проект за тежок далечен воено-транспортен авион и макета на кабината за екипажот', што ќе биде склучен помеѓу 'Ил ' и Министерството за одбрана на Руската Федерација според резултатите од затворениот конкурс“, вели Олег Желтоножко.
Државата е основен нарачател
Во октомври 2014 година продолжија обидите за реанимација на комерцијалната верзија на Ил-96. Воронежската фабрика за изградба на авиони ги заврши работите за преуредување на товарниот авион Ил-96-400Т во патничка верзија и го доби називот Ил-96-400ВПУ. Предавањето на авионот на нарачателот (една од руските државни структури) беше предвидено за крајот на декември 2014 година. Цената на основниот модел изнесува две милијарди рубли.
Најновите руски летачки бродови „Руска реч на македонски“ ви ги претставува трите новитети во хидроавијацијата на Русија. |
Во 2009 година компанијата „Иљушин Финанс Ко“ ѝ испорача на авиокомпанијата „Пољот“ три товарни авиони Ил-96-400Т, кои во текот на речиси пет години беа успешно експлоатирани за магистрален превоз на различни комерцијални товари. Во мај 2013 година потребата од крупен превоз на толку скапи домашни авиони падна. „Пољот“ ја запре експлоатацијата на сите три авиони и му ги врати на производителот. Најверојатно, токму овие авиони биле модернизирани во воздушни танкери. Без оглед на сè, според податоците на компанијата, ќе продолжи изградбата на нови авиони, благодарение на државните нарачки. Според плановите, до 2024 година предвидена е изградба и испорака на 14 авиони од семејството Ил-96.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче