Западна аналитика: Руската летечка сачмарка може да стане „најголемиот кошмар“ на бојното поле

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Западните медиуми во своите публикации почнаа да го оценуваат новото руско беспилотно летало-пресретнувач вооружено со огнено оружје. Видеоклипот од тестирањето на новото летало, кое за задачи за пресретнување е вооружено со полуавтоматската сачмарка „Вепар“ во голема мера ги заинтересира западните новинари кои се занимаваат со воена проблематика.

Така интернет-порталот Foxtrot Alpha го нарекува ова беспилотно летало потенцијална „ноќна мора“ за останатите дронови. Во публикацијата се напоменува дека оперативното време на летање на ова летало е 40 минути. Со него управува оператор со помош на видеолинк на кој се наоѓа и за нишанење, пренесува интернет-порталот РГ.

Авторот на овој текст посебно нагласува дека беспилотното летало полетува од практично вертикална позиција. Откако ќе ја неутрализира својата цел и ќе ја заврши борбената мисија, тоа на истиот начин слетува на земја. На тој начин употребата на ова беспилотно летало не бара писта или дополнителна опрема за негово полетување.

Во текстот понатаму се оценува применетото вооружување на ова летало. Полуавтоматската сачмарка „Вепар“ која користи муниција со сачма во комбинација со многу маневарбилна платформа е далеку поефикасно решение отколку да се применило класично стрелечко оружје кое дејствува со стандардна муниција. Беспилотните летала се многу чувствителни на надворешни удари и оштетувања, така што понекогаш е доволно истреланата сачма едвај да го допре леталото и тоа да изгуби контрола и незапирливо да почне да паѓа надолу. Авторот понатаму наведува дека овој руски дрон-пресретнувач може да се употребува и во други задачи кои не се во директна врска со неговата основна намена.

„Тоа може да биде повеќенаменска борбена платформа, која покрај беспилотни летала, може да се употреби и против луѓе. Како што не е пријатно да се замисли беспилотно летало кое може да носи високопрецизна сателитски наведувана бомба тешка 100 и повеќе килограми, истото тоа се однесува и на дрон кој на себе носи полуавтоматска сачмарка. Можете само да си замислете рој вакви беспилотни летала вооружени со сачмарки“, се запрашуваат новинарите на американскиот медиум.

Руски новитети: Погледнете го тестирањето на „летечката сачмарка“ која ќе соборува дронови (ВИДЕО)