Руски новитети: Погледнете го тестирањето на „летечката сачмарка“ која ќе соборува дронови (ВИДЕО)

Скриншот
На интернет се појави видеоматеријал од тестирањето на перспективниот ловец на беспилотни летала кој ќе биде вооружен со полувтоматска сачмарка со калибар 12 „Вепар“.

Компактниот беспилотен пресретнувач по нарачка на концернот за ПВО „Алмаз-Антеј“ го осмислија и конструира студенти на Московскиот воздухопловен институт, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

„Леталото го завршила полниот циклус тестирања, вклучувајќи ја и процената на неговата управливост и прецизност на огненото дејство, по што за понатамошна постапка му е проследено на нарачателот“, изјави раководителот на СКБ МАИ Игор Трифонов.

Се работи за летало тешко 23 килограми, со распон на крилата од три метри. На неговиот корпус е вклопена полуавтоматска сачмарка произведена од познатата руска фабрика за стрелечко оружје „Молот“. Станува збор за полуавтоматската карабинска сачмарка со калибар 12 „Вепар 12 Молот“ кој е развиен врз база на конструкцијата на познатата автоматска пушка „Калашников“. Пушката се полни со рамка која собира 10 патрони. Во овој случај истрелувањето се врши по електричен пат.

Според конструкторите кои го развија ова летало, беспилотниот пресретнувач во себе ги обединува позитивните карактеристики на авион и хеликоптер. Тој му овозможува на операторот да добие податоци во реално време преку тв-камерите кои се наоѓаат на леталото. Неговата автономија изнесува и до 40 минути ефективен лет.

Прочитајте повеќе: Силниот „Вепар 12 Молот“ доби крила: Русите осмислија интересен концепт за борба против дронови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња