Станува збор за патент на „ловец“ на беспилотни летала кој го осмислија инженерите од АД „Концерн за воздушно-космичка одбрана „Алмаз-Антеј“, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
На фотографијата достапна за јавност е прикажано беспилотно летало на кое е специјално вклопена полуавтоматска сачмарка произведена од познатата руска фабрика за стрелечко вооружување „Молот“. Се работи за полуавтоматската карабинска сачмарка со калибар 12 „Вепар 12 Молот“ развиена врз база на конструкцијата на автоматската пушка „Калашников“. Пушката се полни со рамка која собира 10 патрони. Во овој случај истрелувањето се врши по електричен пат.
„Леталото може да дејствува во автоматски режим на работа, да се движи по зададен курс, а доколку целтаа не е уништена, можно е да се продолжи потерата по неа со дополнителна корекциja на траекторијата“, изјави блогерот кој прв ја објави оваа вест.
Самото летало е резултат на проектот осмислен од студенти на катедрата за авио-конструкторско моделирање. Оваа идеја е нешто потполно оригинално, што се нема претходно појавено не само во Русија, туку и во целиот свет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче