Видео: Како пушката за борба против дронови во практика приземјува беспилотни летала

Тестирањето на пушката за борба против дронови Рекс-1, оружје кое неодамна го осмислија конструкторите од концернот Калашников, го извршија новинарите на телевизијата WarGonzo и видеоснимката ја поставија на Интернет.

Радиоелектронското нелетално оружје од новата генерација на јавноста ѝ беше претставено на воено-техничкиот форум „Армија-2017“ во август минатата година.

Страшното оружје е направено врз база на пневматската пушка за ракетно гаѓање МР-514К која доби ногалки, колиматорски нишан EOTech, ласерски означувач на целта и два блока за попречување на радиосигналот.

Токму овие блокови за попречување на радиосигналот можат во радиус од пет километри да ги попречат сигналите на американската сателитска навигација GPS, на руската ГЛОНАСС, на кинеската BeiDou и на европската Galileo.

Покрај тоа, пушката за борба против дронови е во состојба на оддалеченост од еден километар да ги блокира радиосигналите од различни мобилни мрежи, а со помош на стробоскоп да ги заслепува возачите на автомобили.

На снимката се гледа како оружјето наменето за борба против беспилотните летала регуларно функционира во сите временски услови, а нити снегот, ниту мразот не можат да му попречат. Пушката може да ја користи дури и необучен професионалец, таа се насочува кон целта, испраќа сигнал кој го блокира каналот за управување и беспилотното летало се приземјува на определеното место.

На просторот на Меѓународниот противмински центар во Нахабино неодамна беа одржани вежби на деминери вооружени со електромагнетски пушки „Ступор“. На практичните вежби импровизиран е напад на беспилотни летала на единица воени инженери. Ова сценарио е преземено од реалниот живот. Имено, во Сирија терористите повеќе пати од обични дронови фрлија експлозив на руските деминери.

Групата за заштита на деминерската единица на маневрите со помош на електромагнетната пушка приземји едно беспилотно летало, додека друго го испрати назад на точката на полетување за да ја утврди локацијата на оператерот.

Ова не е прва демонстрација на можностите на „Ступор“. Претходно оваа пушка беше тестирана во борбени услови во Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња