Су-57 против F-35: Иако се работи за авиони од петтата генерација, меѓу нив постои битна разлика

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американските аналитичари на магазинот „Национален Интерес“ (The National Interest) во најновиот текст ги споредија борбените можности на рускиот и американскиот ловец од петта генерација Су-57 и F-35.

Како што напомнуваат авторите на овој текст, претседателите на Руската Федерација и САД во повеќе наврати изјавија дека нивните вооружени сили располагаат со најдобрите авиони-ловци од петта генерација во светот. Меѓутоа, воените аналитичари тешко можат да одговорат на темата кој авион е подобар, затоа што тие се наменети за изведување различни борбени задачи, пренесува рускиот интернет-портал „Бог-рата“.

Тие главно се согласни дека рускиот Су-57 е подобар авион од американските конкуренти доколку строго се погледнат маневарските способности на леталото, како и параметрите на брзината и максималниот долет. Што се однесува до американскиот ловец F-35, авторите сметаат дека овој авион има подобри „стелтни“ карактеристики од рускиот ловец.

F-35 е креиран да дејствува во улога на контролор за сојузничките авиони, каде неговите сензори и процесори ствараат интегрирана и динамична слика на боиштето во реално време. Рускиот Су-57 нема такви можћности, затоа што е направен за друг вид задачи кои подразбираат доктрина на употреба на Воздушно-космичките сили на руската армија со цел остварување доминација во воздухот и попречување на електронските системи на условниот непријател. Според авторите на овој текст, за ваквата намена овој авион претставува извонредно решение, додека F-35 од друга страна е специјализиран за дејства во длабочината на фронтот.

Рускиот повеќенаменски ловец од петта генерација Су-57 првпат полета во 2010 година. Неговата основна намена е борба против сите типови воздушни цели, вклучувајќи ги тука копнените и поморските борбени ефективи на непријателот. Благодарение на сјајните маневарски способности, интеграцијата на современа авионика и можностите за суперсонично крстосување во „стелт“ режим на летање, овој авион има сериозни предности во однос на своите потенцијални противници.

F-35 е американски авион од петтата генерација. Неговото производство почна 2006 година, а експлоатацијата во оперативните единици на военото воздухопловство во 2012 година. Се произведува во три варијанти: стандардна варијанта за Военото воздухопловство на САД, варијанта са скратено или вертикално полетување која е развиена за Маринскиот корпус, и палубна варијанта за единиците на Воената морнарица.

Прочитајте повеќе: Американските F-35 подробно се информираат за руските авиони од петта генерација Су-57