Американското Воено воздухопловство во базата на податоци која ја користи ловецот-бомбардер F-35 внесува информации за рускиот авион од петта генерација Т-50 ПАК ФА (Су-57) за да можат пилотите да ги идентификуваат непријателските летала, пренесуватаат медиумите. Покрај рускиот ловец во базата на податоци се најде и кинескиот „невидлив ловец“ J-20.
Инаку, се работи за големи датотеки во кои се собираат информации за специфичностите на географските услови, воздушниот простор и евентуалните закани на подрачјата во кои F-35 би можел да учествува во борбени дејствија.
Американскиот магазин „Национален Интерес“ во статијата од мај оваа година во која објави споредбена анализа на рускиот авион Су-57 и кинескиот J-20 пишуваше дека Москва и Пекинг развиваат ловечки авиони од петта генерација „за да ја оспорат доминацијата на Соединетите Американски Држави“, меѓутоа, и дека притоа користат различни пристапи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче