Како што пишува Contra Magazin, западните земји едноставно немаат авион кој би можел да му се спротивстави на рускиот ловец Су-57. „НАТО има проблем... “ – така почнува алармантниот наслов на статијата во споменатото издание.
Магазинот истакнува дека најдобриот авион во НАТО е повеќенаменскиот ловец Eurofighter од четврта генерација, пренесува порталот rg.ru. Против него, според мислењето на авторот на статијата, нема шанси дури ни американскиот F-22 Raptor. „Контра Магазин“ и така е скептичен спрема американските ловци, а особено ги критикува ефикасноста и маневарските можности на моделите F-22 и F-35. Се покажа дека револуционерниот пристап на САД кон создавањето ловци од петта генерација беше погубен.
„Американската револуција во производство на авиони доведе до дегенерација на авијацијата и го зарази военото воздухопловство на НАТО. За жал, САД не го направија она што го направија Русите. Русите направија еволуција од моделот Су-24 (кој сѐ уште се користи, меѓу другото и во Сирија) преку Су-27, Су-30 и Су-35 до Су-57“, пишува „Контра Магазин“.
Меѓу американските авиони ова издание го цени само палубниот ловец-бомбардер и јуришен авион F18 Super Hornet, кој исто така мошне еволуираше од F/A-18 и сега е во рангот на моделот Eurofighter. Но, и тоа е слаба утеха, зашто ниеден од овие два авиона, како што се истакнува во публикацијата, не може да се мери со рускиот Су-57.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче