Русите објавија снимка од тестирањето на ракетна подморница од класата „Бореј“ (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на РФ објави видеоснимка од тестирањето на ракетната подморница од класата „Бореј“.

На снимката се гледа како екипажот се подготвува да исплови, а потоа е прикажано движење на подморницата со полна брзина на површината.

Коментирајќи го тестирањето, командантот на руската Воена морнарица, адмирал Владимир Корољов, истакна дека подводните сили се во активна фаза на развој и обрна внимание на важната улога на проектите „Бореј“ и „Јасен“.

„Тие подморници се основата на подводните сили и одговараат на најмодерните барања во поглед на квалитетот, поврзани со незабележливоста, маневарските можности и арсеналот“, ги цитира зборовите на адмиралот телевизијата „Ѕвезда“.

На 19 март во Русија се празнува Денот на подморничарот.

Серијата атомски крстосувачки подморници од четвртата генерација на проектите „Бореј“ и „Бореј-А“ треба да стане основата на поморските стратешки нуклеарни сили во наредните неколку децении. Планирано е до 2020 година да се воведат во експлоатација уште осум подморници од овој проекта.

Подморницата е долга 170 м, широка 13,5 м, а подводниот депласман е 24000 тони. Овие нуклеарни подморници можат да носат 16 интерконтинентални балистички ракети со поморско базирање Р-30 „Булава-30“.

Погледнете го и ова видео и уверете се во убавината и моќта на руската подморничка флота