Подморницата „Бореј“ ќе носи 200 хиперсонични боеви глави

Слободан Ѓукиќ
За само неколку години Русите во оперативна употреба ќе имаат осум стратешки нуклеарни подморници „Бореј-2“ кои во „рафал“ ќе можат да лансираат 160 интерконтинентални ракети „Булава“ со 1600 независно насочени термонуклеарни боеви глави со хиперсонични карактеристики.

Во материјалот се констатира дека Москва го намалила финансирањето на другите програми за вооружување со цел во целост да ја комплетира својата подводна стратешка флота со осум нуклеарни подморници „Бореј“ од четврта генерација. Овие подморници ќе ги пополнат Северната и Тихоокеанската флота.

Како што пренесува американската медиумска куќа Си-Ен-Би-Си, подморниците од класата „Бореј“ ќе можат да лансираат дури 20 интерконтинентални балистички ракети „Булава“ со дострел од 8500 до над 10000 км, при што секоја од овие ракети поединечно ќе има 10 независно насочени боеви глави со сила од 100-150 кт кои ќе летаат со хиперсонични брзини.

Според одделни информации, сите осум нуклеарни подморници „Бореј“ ќе бидат комплетирани и оперативно подготвени до 2024 година. Американското издание констатира дека нивната ПВО практично нема никакви шанси да ги запре руските ракети.

За само неколку години Русите во оперативна употреба ќе имаат осум стратешки нуклеарни подморници „Бореј-2“ кои во „рафал“ ќе можат да лансираат 160 интерконтинентални ракети „Булава“ со 1600 независно насочени термонуклеарни боеви глави со хиперсонични карактеристики.

Според податоците на американските разузнавачки служби, секоја подморница од класата „Бореј“ ќе може да лансира околу 200 хиперсонични боеви објекти кои ќе летаат со променлива траекторија на летот остварувајќи брзина поголема од 5 маха.

Погледнете го видеото: Најновата руска балистичка ракета „Булава“ базирана на подморница

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња