Оружје кое вреди злато: За кои три модели руско вооружување треба да се издвојат најмногу пари?

Руската стратешка нуклеарна подморница „Владимир Мономах“ на проектот 955 на својата постојана база Виључинск на Камчатка.

Руската стратешка нуклеарна подморница „Владимир Мономах“ на проектот 955 на својата постојана база Виључинск на Камчатка.

Иљдус Гиљазутдинов /Sputnik
Кој сака да го направи најдоброто оружје на светот, тој мора да го „одврзе ќесето“. Русија не жалеше средства за да направи ефикасно вооружување кое со сигурност ги штити копното, морето и воздухот.

Русија во многу случаи не ја изнесува на виделина сумата потрошена за определени видови воена техника, вклучувајќи ги и џиновските носачи на авиони „Адмирал Кузнецов“, интерконтиненталните ракети „Сармат“ и нуклеарните крстосувачки ракети „Буревесник“. Не е познато во која мера овие ствари ја „испразнија“ државната каса зашто тоа е строга државна тајна, но затоа ни се познати цените на три модели вооружување кои тука ги наведуваме, а тие се прилично големи.

Подморница од проектот 955 „Бореј“

Воениот врв издвои 713 милиони американски долари за секоја подморница од класата „Бореј“. За волја на вистината кога Министерството за одбрана уште во 2011 година го потпиша првобитниот договор, првобитната цена беше двојно поголема – изнесуваше 1.4 милијарди американски долари за секоја подморница.

Руската стратешка нуклеарна подморница „Владимир Мономах“ на проектот 955 на својата постојана база Виључинск на Камчатка.

Проектот 955 е нов чекор во развојот на руските единици за нуклеарно одвраќање. Овие подморници ќе ги чуваат водите на Северниот леден океан со помош на интерконтинентални балистички ракети „Булава“.

Секое пловило од класата „Бореј“ прави петпати помала бучава од претходниот модел што на овие подморници им овозможува незабележано да минат покрај непријателскиот сонар.

Ова е прва руска подморница кај која потисокот се прави со помош на хидроџет погон. За дополнително криење од непријателот „Бореј“ има и два уреди на расклопување за дополнително управување, а на носот има хоризонтални стабилизатори со закрила кои се вовлекуваат.

Најинтересен е фактот што ова е единствена руска подморница која може да испукува балистички ракети додека се движи под покривач од мраз, додека другите подморници најпрво мораат да излезат низ мразот на површина и така да ја откријат својата положба.

С-400 „Триумф“

С-400 „Триумф“.

Индија е на листата не чекање за купување на познатиот систем за ПВО на Русија С-400 „Триумф“ која веќе го штити небото над Турција. Делхи ќе плати 5.5 милијарди американски долари за пет дивизиони С-400.

Секој дивизион има 12 лансери со пo 4 ракети, што значи дека секоја батерија има 16 ракети кои соборуваат ловечки авиони од петтата генерација и крстосувачки ракети во радиус од најмалку 200 километри.

Тука не е пресметан резервниот борбен комплет кој исто така е опфатен со договорот и ќе биде разместен на борбеното поле во случај на примена. Згора на тоа, договорот опфаќа и техника за транспорт и полнење, радарски станици, команден пункт и цела низа помошни возила.

Се смета дека ова е најсупериорниот систем за вооружување на светот.

Су-35С

Су-35С.

Виктор Литовкин, воен аналитичар на агенцијата ТАСС за Russia Beyond-Македонија вели дека еден ваков ловец ќе ги чини купувачите околу 70 милиони американски долари, и дека други земји би морале да направат сличен модел ако сакаат да претендираат доминација во воздухот.

Су-35С е преоден модел на ловечки авион од кој сите добри карактеристики ги наследи Су-57 (руски ловец од петтата генерација), вклучувајќи ги и модернизираните компоненти со оглед на тоа дека овој авион има подобри карактеристики од други лови од генерацијата 4++. Тој дури има и сосема дигитализирана кабина.

Покрај тоа, хидромеханичкиот механизам за контрола на напојувањето е заменет со електронски систем. Инженерите објаснуваат дека благодарение на ова авионот станал полесен, а воедно е ослободено и место за системи за далечинско управување. Благодарение на тоа пилотот може да се потпре на компјутерот во донесувањето на одлуките. Тој може автоматски да блокира цели, да бира соодветно оружје и да отвора оган.

Треба да се земе превид тоа дека овој авион носи речиси 8 тони бомби и високопрецизни ракети.

Дознјате Зошто модернизираната руска снајперска пушка ВСС „Винторез-М“ се смета за најтивка на светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња