Воената морнарица до крајот на 2019 ќе биде засилена со десетици нови воени бродови и подморници

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Шојгу: Оваа година воведуваме две атомски и една дизел-електрична подморница во единиците на Воената морнарица. Покрај тоа, значително засилување ќе добие и флотата површински воени бродови која ќе се пополни со целосно нови пловила.

Руската Воена морнарица до крајот на оваа година ќе се пополни со две атомски и една дизел-електрична подморница, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во Генералштабот на руската армија, пренесува информативниот портал ТАСС.

„Во тековната година планираме воведување на две атомски и една дизел-електрична подморница во составот на воената морнарица“, рече во таа пригода рускиот министер.

Според него, површинската компонента ќе се пополни со ракетната фрегата „Адмирал Касатонов“, ракетната корвета „Гремјашчи“, големиот десантен брод „Петар Моргунов“, малите ракетни бродови „Меркур“ и „Ингушетија“, патролниот брод „Дмитриј Рогачов“, пет борбени чамци, тегначот „Владимир Емељјанов“ и со уште дваесетина пловила од различен тип и намена.

Министерот за одбрана исто така напомна дека во 2019 година ќе биде извршен и комплетен ремонт на 11 воени бродови и други пловила кои се наоѓаат во оперативниот состав на руската воена морнарица.

Тој додаде дека Обединетата бродоградежна корпорација, како главен носител на проектот за модернизација на руската воена морнарица, ги исполнува сите свои задачи што ѝ ги дава Министерството за одбрана на РФ.

Погледнете го видеото и уверете се во убавината и моќта на руската подморничка флота