Американски магазин ги издвои петте најопасни бродови на руската Воена морнарица

Global Look Press

Крстосувачот „Петар Велики”, ракетниот крстосувач „Москва”, корветата „Сообразитељни”, разурнувачот „Настојчиви” и носачот на авиони „Адмирал Кузнецов” се петте „најопасни” бродови на Воената морнарица на Русија, пишува американскиот магазин „Национален Интерес“.

Магазинот истакнува дека со оглед на фактот дека некои од најакутните зони на конфликт имаат поморски карактер и се наоѓаат во Балтичкото и Азовското море, Русија интензивно работи на модернизација на својата флота. Резултат на тоа се бродови кои „поседуваат значителни можности кога се работи за поморски судири”. Притоа тешкиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов” „и понатаму претставува сериозна закана за конкурентите на Кремљ“ и „ѝ дава на Русија повеќе можности да ја шири својата воздушна моќ низ целиот свет“.

Погледнете го видеото: Најголемиот воен брод на светот „Петар Велики“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња