Малиот ракетен брод „Ураган“ на главната поморска воена парада во Санкт Петербург по повод Денот на Воената морнарица на Русија
Алексеј Даничев/Sputnik1. Поморската воена парада е еден од најубавите и највпечатливи настани во Санкт Петербург – „северната престолнина“ на Русија – и другите крајбрежни градови.
На 29 јули 2018 година претседателот на РФ Владимир Путин и министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу при посетата на Петропавловската крепост за време на прославата на Денот на Воената морнарица во Санкт Петербург.
Михаил Климентјев/Sputnik2. Граѓаните на Русија заедно со странските гости на 29 јули имаа можност да ги видат големите воени бродови како „танцуваат на вода“ и да го слушнат грмежот на топовите стари два века кои истрелуваат плотуни над морињата ширум Русија.
Руски морнар на прославата на Денот на Воената морнарица во Севастопол.
Сергеј Малгавко/Sputnik3. Најмногу бродови имаше на парадата во Санкт Петербург.
Бродови на Тихоокеанската флота построени за парадата на прославата на Денот на Воената морнарица во Владивосток.
Виталиј Ањков/Sputnik4. Во 10 часот наутро градот го разбуди бучавата од бродови, авиони и хеликоптери проследени со плотуни од топовите во Петропавловската крепост и илјадниците морнари кои во снежнобела униформа маршираа по должината на брегот.
Морскиот миноловец „Валентин Пикуљ“ на прославата на Денот на Воената морнарица во Новоросијск.
Николај Хижњак/Sputnik5. На парадата во Санкт Петербург учествуваа преку 40 бродови, 38 воени авиони и хеликоптери и 4000 војници.
Детаљ од прославата на Денот на Воената морнарица во Севастопол.
Алексеј Малгавко/Sputnik6. Насобраниот народ имаше можност да ги види најголемите и најмоќни морски „чудовишта“ на Северната флота како и новите бродови на руската Воена морнарица – фрегатата „Адмирал Горшков“, новиот десантен брод „Иван Грен“ и корветата од класата Каракурт „Ураган“.
Морските миноловци „Иван Голубец“ (во преден план и „Коровец“ на прославата на Денот на Воената морнарица во Севастопол.
Алексеј Малгавко/Sputnik7. Бродовите пловеа во колона со брзина од 9 јазли (околу 17 километри на час).
Маринци на прославата на Денот на Воената морнарица во Новоросијск.
Николај Хижњак/Sputnik8. Претходните години сите бродови и подморници стоеја долж брегот, така што присутните можеа да ги видат само во состојба на мирување.
Од десно кон лево: малите ракетни бродови „Ливењ“ и „Ураган“ на главната поморска воена парада во Санкт Петербург по повод Денот на Воената морнарица на Русија.
Алексеј Даничев/SputnikМорнар пука од топ на генералната проба на парадата по повод Денот на Воената морнарица.
Виталиј Невар/TASSРакетниот крстосувач „Москва“ на прославата на Денот на Воената морнарица во Севастопол.
Алексеј Малгавко/SputnikПразничниот огномет по повод прославата на Денот на Воената морнарица во Севастопол.
Алексеј Малгавко/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче