Моторизираните единици на Западниот воен округ увежбуваат сценарија со борба со дронови-самоубијци

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На полигоните на Западниот воен округ беа реализирани воени вежби со напредни сценарија. Имено, моторизирана единица со непозната јачина е нападната од страна на непријателот кој покрај стандардниот облик на изведување офанзивни дејствија употреби и „рој“ беспилотни летала-самоубијци.

Во експерименталната воена вежба која започна на начин што една извидувачко-диверзантска група на непријателот е на време лоцирана и осуетена во нејзината намера да го уништи командниот пункт, употребена е и технологија на беспилотни ударни дронови-камикаѕе. Имено, откако во првиот налет на непријателот не му појде од рака да ја уништи командата на моторизираната единица, тој ангажираше засилување кое беше опремено со беспилотни летала-камикаѕе. Овие летала имаа задача од воздух да го откријат и уништат командниот пункт.

Мобилниот команден пункт е прекриен со густ облак од чад направен со помош на специјална техника која се наоѓа во состав на единиците за хемиска заштита. По оваа активност, единицaта за противелектронска борба успешно го блокираше каналот за управување со беспилотните летала, а пешадиските делови на моторизираниот состав со поддршка на оклопни транспортери БТР-82А успеаја да соборат неколку беспилотни летала, наведува интернет-порталот „Взгљад“.

Покрај овие активности, увежбувана е и тактика на одбрана при копнен удар на непријателот во правец на командниот пункт. Непријателските диверзантски сили во вежбата ги претставуваа елементи на спецназот од Тамбовската бригада.

„Експерименталниот облик на вежбата со употреба на дронови-камикаѕе е реализирана под команда на Западниот воен округ. Со сите активности на терен командуваше првиот командант на овој округ, генерал-полковник Александар Журавлев. Во вежбата беа ангажирани околу две илјади војници со околу 300 единици различна борбена техника“, изјавија од штабот на Западниот воен округ.

Прочитајте повеќе: Во единиците на руската армија почна финалното тестирање на митралезот РПК-16