Концернот „Калашников“ (дел од државната корпорација „Ростех“) на меѓународниот саем на оружје и воена техника IDEX-2019 што се одржува во Абу Даби (ОАЕ) претстави нов производ- беспилотното летало „KYB“, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.
Како што е прикажано на видеопрезентацијата, беспилотното летало е опремено со силна боева глава која се активира кога ќе ја достигне својата цел. На штандот на концернот „Калашников“ леталото е претставено во вид на макета која е двојно помала од проектираната големина.
Неговите основни тактички-технички податоци се:
- Должина 1210 мм
- Висина 165мм
- Ширина 950 мм
- Брзина на летот 80-130 км/ч
- Траење на летот до 30 минути
- Максимална носивост до 3 кг
Леталото е развиено и произведено од инженерите на компанијата Zala Aero која се наоѓа во состав на концернот „Калашников“. Беспилотниот дрон-камикаѕе „KYB“ ги помина сите летечко-технички испитувања и е подготвен за производство.