Концернот „Калашников“ направи беспилотно летало (БПЛ) кое може да слетува на водени површини, јавува „Калашников медија“.
Беспилотното летало ЗАЛА 421-10 е базирано на моделот ЗАЛА 421-08М и ги поседува сите предноста на леталата вброени во категоријата на тнр. „летечко крило“, како што се функционирање во сите временски услови, мала маса, брзо полетување и отпорност на силни ветрови.
„Способноста на беспилотното летало да слетува на водни површини дава бројни предности во примената на БПЛ по мочурливи терени и зони каде водата прекрива широки области – на пример при надзор на гасоводот во централен Сибир“, се наведува во соопштението на сајтот на инфо-центарот на фирмата.
БПЛ се карактеризира и со подолгото време на летање – повеќе од два часа – како и со унапредените нишански системи и водоотпорната конструкција. Камерата со резолуција од 24 мегапиксели овозможува правење на детални фотографии од висина, дури и при големи брзини, додека ХД-камкордерот прави видеоснимки со висок квалитет за широк дијапазон на задачи.
Претходно неименуван извор изјави за РИА „Ноости“ дека уште едно беспилотно амфибиско летало е во фаза на развој во Руската Федерација. Како што соговорникот објасни за агенцијата, иницијативата за развој на такво летало постои, но дека е во план прашањето за масовно производство да се разгледа со руските органи за безбедност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче