Руската компанија „Енергомаш“: Илон Маск е во заблуда по повод моторот РД-180

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Главниот конструктор на научно-производствената корпорација „Енергомаш“ Петар Љовочкин ја коментираше изјавата на Илон Маск дека моторот на SpaceX „Раптор“ според некои параметри е подобар од рускиот мотор РД-180.

Деновиве Маск на „Твитер“ го соопшти следново: „Раптор“ денеска постигна притисок од 268,9 бари, соборувајќи го рекордот кој досега му припаѓаше на извонредниот руски мотор РД-180“.

Љовочкин, меѓутоа, дава до знаење дека Илон Маск е во заблуда кога станува збор за моторот РД-180. „Компанијата SpaceX го прави моторот „Раптор“ на кислород и метан, или според шемата „гас-гас“, како што тоа се третира во руската класификација. Во слични шеми толку висок притисок во комората за согорување не е некакво исклучително достигнување. Во нашите проекти засновани на наведената шема во комората се постигнува притисок поголем од 300 атмосфери“, изјави главниот конструктор на компанијата „Енергомаш“.

Петар Љовочкин вели дека не коректно да се споредуваат „Раптор“ и РД-180: „Господинот Маск не е стручњак за таа област и не зема предвид дека моторот РД-180 за ракетата-носач „Атлас“ ја користи шемата „кислород-керозин“, а тоа е сосем поинаква шема на гориво и сосем се поинакви параметрите на работа на моторот“.

Згора на тоа, „Енергомаш“ сертифицираше мотор со резервен притисок од 10%, што значи дека притисокот во комората за согорување на РД-180 е поголем од 280 атмосфери. Според тоа, изјавите дека „Раптор“ според наведениот показател е подобар од РД-180 се во најмала рака прерани.

Прочитајте повеќе: Илон Маск восхитен од конструкцијата на рускиот вселенски мотор РД-180