Приватната руска космонаутска компанија „S7 Space“ очекува дека ќе лансира сопствена ракета на рециклирање некаде во периодот помеѓу 2023 и 2024 година. Ќе има можност и за лансирање од лебдечки космодром. Ова го соопшти главниот дизајнер на ласирни возила при „S7 Space“ Игор Радугин.
Според него, за правењето нова ракета обично се потребни 5-7 години, но „S7 Space“ планира сето тоа да го заврши за најмногу шест години. Тој дури смета дека роковите би можело дополнително да бидат скратени поради намалената бирократија во приватниот сектор. Радугин исто така истакна дека на Илон Маск му биле потребни десет година да ја направи ракетата на рециклирање за SpaceX.
Засега, за оваа руска ракета сѐ уште не постојат ниту примарни конструкторски нацрти. Но, познато е дека ќе функционира на истиот принцип како и „Фалкон 9“ – ќе има блок кој ќе може да се рециклира и ќе има можност за вертикално слетување. Според Радугин, блокот за рециклирање ќе биде составен од технологии кои на овој или на оној начин се претходно усвоени, вклучувајќи го и трапот.
Во септември 2017 година, S7 ја купи лебдечката лансирна платформа „Sea Lunch“ со дополнителната опрема. Набавката чинеше 160 милиони американски долари.
На 16 февруари 2018 година сопругата на сопственикот на холдингот S7 Наталија Филева рече дека нејзиниот сопруг станал депресивен по лансирањето на „Фалкон хеви“ од „Тесла роудстер“ автомобилот во багажникот. Според неа, Владислав Филев не верувал дека Илон Маск „отишол толку далеку“.
На 10 септември главниот конструктор на Ракетно-космичката корпорација „Енергија“ Игор Радугин се префрли во приватната фирма „S7 Space“. На претходното работно место беше ангажиран на развојот на новата ракета-носач со средна величина „Сојуз 5“ и на суперетешки ракети. „S7 Space“ во повеќе наврати јавно ја критикуваше „Енергија“ поради фактот што концептот за „Сојуз 5“ е едноставно надминат, како и дека при неговиот развој не се водело сметка за економските аспекти на лансирањето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче