Илон Маск до Путин: Можност за војна поради вештачката интелигенција

Утопија.

Утопија.

Getty Images
Основачот на „СпејсЕкс“ (SpaceX) Илон Маск како одговор на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за тоа дека земјата, која ќе стане лидер во развојот на вештачката интелигенција, ќе стане господар на светот, предупреди дека тоа може да доведе до почеток на Трета светска војна.

Маск укажува на изјавата на Путин, коментирајќи ја на својот профил на „Твитер“ најпрвин со кратката фраза „Почна“.

Потоа во дијалог со корисниците на социјалната мрежа тој истакнува дека Русија, Кина и сите останати земји наскоро „ќе бидат силни во компјутерските науки“.

„Натпреварувањето за надмоќ во сферата на вештачката интелигенција на национално ниво, веројатно, може да стане причина за почеток на Трета светска војна“, напиша Маск, пренесува „Взгљад“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња