Русите му одговорија на Илон Маск по повод моторите „Раптор“ и РД-180

Тестирање на ракетен мотор РД-180 во погон на руското претпријатие за производство на мотори НПО „Енергомаш“.

Тестирање на ракетен мотор РД-180 во погон на руското претпријатие за производство на мотори НПО „Енергомаш“.

Roscosmos via Globallookpress.com
„Едно е кога некој систем ќе се прилагоди да има одредени параметри, а сосема друго е стабилното функционирање на системот“, изјави за весникот „Взгљад“ Андреј Јонин, дописен член на Руската академија за космонаутика „К. Е. Циолковски“, коментирајќи ја изјавата на Илон Маск дека моторите „Раптор“ се подобри од руските мотори РД-180 според нивото на притисокот во комората за согорување.

„Мило ми е што Маск ги мери своите достигнувања со руски мотор од 1970-те, но тоа што тој го кажа треба го проверат и стручњаците и да проценат дали навистина се работи за достигнување. Автомобилите „Формула 1“, на пример, брзо развиваат максимална брзина, но на поминати 1000 километри се полоши од поедноставните автомобили“, истакна тој.

Јонин нагласи дека моторите од сериите РД-170, 180 и 190 летаат преку 30 години и имаат карактеристики кои се потврдени со повеќегодишна практика. Наведената изјава, според мислењето на рускиот експерт, е дел од информационата политика на Маск насочена кон промовирање на неговиот имиџ според кој тој е сериски визионер и практичар.

„Илон Маск најдобро на светот умее да ги искористи своите достигнувања во разни технички сфери и умее добро да го организира информациониот сегмент. Нему му се потребни позитивни вести за тоа како тој е најдобар во нешто, како срушил нови рекорди. Маск навистина има многу извонредни достигнувања и таа околност му овозможува и ситните вести да ги претставува како нов исклучително крупен чекор, но тоа не е секогаш така“, рече Јонин.

Според мислењето на рускиот експерт, Маск е одличен бизнисмен, а бизнисот не може без реклама. „Сите се сеќаваат на неговата исклучително ефектна реклама кога целиот свет пишуваше за тоа како неговиот омилен автомобил „Раптор“ со музиката на Дејвид Боуви лета кон Марс. Тој е бизнисмен и убаво е тоа што во сферата на вселенската индустрија се појавија луѓе кои не се занимаваат само со броење пари, туку ја развиваат вселенската индустрија како вистински бизнис, дотолку повеќе што Масковата реклама е поткрепена со вистински достигнувања, т.е. не е пуста приказна“, нагласи тој.

Рускиот академик истакна дека Маск последниве години ги поттикнал круговите кои се занимаваат со космонаутика правилно да размислуваат во смисла дека не се толку важни техничките карактеристики на моторот, колку што е важна неговата цена. Конкретно, крајно ниската цена на ракетните мотори „Мерлин“ направени според технологиите од 1960-те, кои Маск ги постави на својата ракета „Фалкон“, му овозможија да стане неприкосновен лидер на пазарот на комерцијални лансирања на ракетите во вселената, потсети соговорникот на весникот „Взгљад“.

„А потоа одненадеж се покажува дека Маск почнал да тежнее кон техничко усовршување, кон што никогаш не тежнеел. Тоа подразбира поскапување на крајниот производ. Би сакал да знам зошто Маск тежнее кон тоа, затоа што ми се чини дека беше подобар неговиот став дека вселенската техника треба да биде поевтина, а не да урива рекорди“, истакна експертот.

Претходно Илон Маск изјави дека моторот „Раптор“ е подобар од РД-180. Според неговата изјава, новиот мотор „Раптор“, кој го прави компанијата SpaceX, го соборил рекордот на рускиот мотор РД-180 според показателот на нивото на притисокот во комората за согорување.

Во декември Маск ја опиша конструкцијата на рускиот мотор РД-180 како извонредна. Медиумите соопштија дека САД ќе го купуваат ракетниот мотор РД-180 барем до 2023-2024 година.

Прочитајте повеќе: Илон Маск восхитен од конструкцијата на рускиот вселенски мотор РД-180

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња