Илон Маск восхитен од конструкцијата на рускиот вселенски мотор РД-180

Reuters

Американскиот бизнисмен, мултимилијардер и директор на приватната вселенска компанија „Space X“ Илон Маск ја оцени конструкцијата на рускиот вселенски ракетен мотор РД-180 како величествена.

„Срамота е што „Боинг“ и „Локид“ мораат да користат руски мотори за „Атлас“, но структурата на моторот е фасцинантна“, напиша Маск на „Твитер“, во склоп на објавата за својата компанија „Тесла“.

Вселенскиот ракетен мотор РД-180 на течен погон се користи за американското лансирно возило „Атлас-5“, додека моторите РД-181 се користат на ракетите „Антарес“. Во ноември САД решија да го продолжат рокот на траење на договорот за набавка на овие мотори од Русија.

Кон крајот на октомври руското државно научно-производствено претпријатие „Енергомаш“ им ја испорача на американските клиенти втората тура од четири ракетни мотори РД-180.

НАСА изјави дека САД интензивно работат на развој на можности кои би ги ослободиле од зависноста од моторите РД-180.

Прочитајте повеќе: Еве колку вселенски ракетни мотори Русија ѝ испорачала на Америка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња