Руските воени роботи ќе научат самостојно да пукаат

Сцена од филмот „Терминатор 3: Бунтот на машините“

Сцена од филмот „Терминатор 3: Бунтот на машините“

Kinopoisk.ru

Централниот научно-истражувачки институт (ЦНИИ) на руското Министерство за одбрана смета дека руските борбени роботи би требало да бидат снабдени со интелигенција која би им овозможила самостојно да користат оружје.

Научниците се уверени дека во иднина роботите би требало „да бидат во состојба независно да вршат задачи дури и пред лицето на неизвесноста, во непозната средина“, соопштува „Интерфакс“, цитирајќи го тематскиот зборник „Ракетно-технички и артилериско-техничка опременост на Вооружените сили на Руската Федерација во 2018“.

Според мислењето на научниците, неопходно е во воената робо-техника „да се имплементираат системи за интелигентно носење на одлуки во контролните стадиуми, вклучувајќи и групно и автономно движење и употреба на различна опрема согласно нејзината намена, што вклучува и оружје“.

Специјалистите на Централниот научно-истражувачки институт исто така сметаат дека војската би требало да развие „методи за анализа на ситуации, препознавање на сценарија и препознавање на цели и да ги воведе во копнените роботизирани системи“.

Меѓутоа, јавноста реагира поделено на таквите одлуки. Околу перспективите за опремување на роботите со вооружување со вештачка интелигенција се јавуваат како технички, така и етички спорови.

Претходно беше соопштено дека роботи со вештачка интелигенција би можеле да влезат во арсеналот на руската војска по 2030 година. Меѓутоа, нивно вклучување во борбени мисии не беше во план.

И министрите за одбрана на ЕУ исто така одлучија да се вклучат во трката за вештачка интелигенција, во која веќе учествуваат Русија, САД и Кина. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини изјави дека развојот на вештачка интелигенција во воената сфера не би смеел да се оттргне од човечка контрола.

Прочитајте повеќе: Еве какви роботи ќе добие руската војска на почетокот на следната деценија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња