„Терминатори“ ќе ги заменат руските војници

Сцена из филмот „Терминатор 3: Бунтот на машините“.

Сцена из филмот „Терминатор 3: Бунтот на машините“.

kinopoisk.ru
Самоодните беспосадни борбени платформи со далечинско управување со сѐ посовршена „вештачка интелигенција“ се првиот чекор кон појавата на првиот „Терминатор“ во редовите на руската армија.

Роботите и останатото „интелигентно“ оружје кое се развива со цел комплетно да го замени човекот во идните војни се еден од клучните приоритети на воено-индустрискиот комплекс во прогресивниот развој на воената техника на 21 век. Ние и во овој момент во најсилните армии на светот ги имаме првите модели на борбени роботизирани платформи кои се зачеток на идните „Терминатори“ и „Робокапи“. Свои сериозни достигнувања на овој план има и руската армија.

Експанзивен развој на „вештачкиот интелект“

Првите „роботи“ во составот на руската армија (освен малогабаритните роботи-извидувачи со кои има управувано оператор со помош на џојстик какви што можеме да видите во составот на опрема на конзола за видеоигри) според својата функција се борбени роботи. Тие се составени од специјално проектирани борбени модули-куполи на кои може да се смести широк спектар стрелечко вооружување, вклучително и водечки ракети со различни намени.

Една од концепциите на универзалниот борбен робот е претставена од страна на развојните инженери на Концернот Калашников. Станува збор за роботизирана мобилна платформа на која е интегрирана далечински управувана турела со два митралези со калибар од 7.62 и 12.7 милиметри. Друг тип роботизирана платформа е направена на база на леснооклопниот автомобил „Тигр“. На нејзиниот врв исто така е инсталирана далечински управувана платформа-борбен модул кој е опремен со автоматски топ 2А72 со калибар од 30 милиметри со кој се спрегнати митралези со калибар од 7.62 и 12.7 милиметри. Благодарение на сетот оптичко-електронски уреди кои се поврзани со елементите на таканаречената „вештачка“ интелигенција овој модел може самостојно да открива и да врши идентификација на целта, вклучувајќи и нејзина ефикасна елиминација.

Во овој случај вештачкиот интелект на роботот („мозокот на машината“ или едноставно компјутер) се состои од база на претходно вчитани податоци за потенцијалниот непријател со маса општи и специфични карактеристики за него како што се дизајнот, карактеристичното движење, карактеристичниот распон во инфрацрвен спектар итн. Оваа база на податоци константно се унапредува и се проширува и на тој начин се „билда“ алгоритамот на системот со чија помош „вештачкиот“ интелект самостојно се издигнува и технички се изострува. Развојните инженери кои работат на овој мошне сложен софтвер сега можат да додадат и други специфични инпути кои можат да ги прошират интелектуалните капацитети на овие борбени машини до невидени размери. Тука е важно да се нагласи дека руската доктрина за развоја на „многу паметни“ ултрасофистицирани борбени состави се засновува на темелен принцип кои човекот (операторот) го ставаат во доминантна позиција во однос на роботот. Имено, во протоколот за управување со борбени роботи човекот и понатаму е решавачки фактор кој има неспорна контрола над неговите извршин функции, односно на огненото дејство без кое нема уништување на претходно скенираната цел.

Ваквите типови напредна борбена техника се мошне ефикасни против цел спектар различни цели кои можат да претставуваат мошне изискувачки мети во врска со нивната неутрализација со што се намалува потрошувачката на муниција. Така на пример, овие роботи ефикасно можат да се употребат против минијатурни беспилотни летала кои можат да носат и борбен товар, а кои како што гледаме масовно се употребуваат во современите судири, како што е оној во Сирија.

Паралелно со тоа развојните инженери успеаја да развијат способност на вештачки интелект со кој во однос на борбеното искуство самостојно ја проширува сопствената база на податоци, така што додава различни елементи кои се карактеристични за непријателот како и на просторното опкружување каде се одвива судирот.

Експанзивна работа на „паметните“ борбени стредства со различна намена

Во последно време претседателите на определени држави сакаат да зборуваат за „паметните ракети“ кои се наоѓаат во вооружувањето на своите армии. И да, во врска со тоа прашање тие дефинитивно имаат право. Такви ракети навистина постојат.

Самонаведувачки боеви глави се наоѓаат во крстосувачките ракети од типот „Калибр“ и „Томахавк“, како и боевите модели кои се интегрален дела од ракетниот систем „Искандер-М“ кои во себе имаат веќе имаат вчитани бази на податоци на потенцијални цели на кои се наоѓаат огромен број фотографии и компјутерски обработени информации кои формираат непогрешлива слика за нив.

Ова е една од причините која објаснува зошто „паметните крстосувачки ракети“ се во можност да поминат пат од неколку илјади километри, при што го следат релјефот на теренот преку кој се движат, изведуваат маневри по правец и висина, препознаваат зададени цели и прецизно ги „пикираат“. Паралелно со тоа, електрониката која е интегрирана во управувачкиот блок на овие ракети може мошне ефикасно да ги препознае сите лажни цели чија основна функција е да ја збунат ракетата и да ја одвратат од конечната цел.

Во секој случај, важно е да се истакне една неминовност која се состои од фактот дека во следните децении врвната технологија драстично ќе го промени изгледот на денешното боиште. Не сме далеку од денот кога роботизираните борбени машини за различни намени, како на земја, во вода и во возудх (+ во космосот) во целина ќе го заменат човекот.

Прочитајте повеќе: Еве какви роботи ќе добие руската војска на почетокот на следната деценија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња