„Неговиот најнов топ има поголема прецизност, посилен оклоп а и со него се управува далечински. Тие карактеристики ќе овозможат борбеното возило на пешадијата да се претвори во многу ефикасно орудие кое заменува цела една огнена позиција и може да уништува копнени и воздушни цели“, велат од информативната служба на компанијата „Уралвагонзавод“.
Овој борбен модул првпат беше прикажан на изложбата „Армија 2015“. Тогаш иновацијата ја презентираше генералниот директор на Научноистражувачкиот институт „Буревесник“ Георгиј Закамених. Тој во таа пригода особено ја истакна универзалноста како предност на ова оружје изјавувајќи дека АУ-220М може да се монтира на возила од типот на БМП-3 и „Терминатор“, но и на перспективните платформи како што се „Армата“, „Курганец-25“ и „Бумеранг“, па дури и на чамци и бродови со помал депласман.
„На неодамна завршената меѓународна изложба на вооружување во Казахстан овој руски проект е третиран како главно вооружување на казашкиот оклопен транспортер „Барис“ кој има погон 8×8“, истакнува информативната служба на нижнотагилската корпорација.
АУ-220М може да истрела 80 проектили во минута, а дострелот му е 12 километри. Во комплетот има вкупно 80 проектили. Меѓу нив има повеќенаменски распрскувачко-разорни проектили, како и наведувани проектили кои ефикасно пробиваат лесна оклопна техника, утврдени позиции, авиони, хеликоптери и беспилотни летала.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче