Што значат различните бои на куршумите за АК? (ФОТО)

Legion Media
Бел, син, црн – какви сѐ видови куршуми постојат за рускиот АК и за што служат?

Различните бои на врвот на куршумот служат за лесно и брзо препознавање на куршумите од различни видови и намени. Истовремено, згоден бонус е и тоа што фарбите кои се користат за тие цели истовремено служат и како антикорозивно средство за куршумите.

Треба веднаш да се каже дека оваа пракса се применува од куршумите за пиштол до големокалибарската муниција за противавионски топови.

Во оваа прилика ќе се фокусираме на муницијата за АК-74 и АК-12 со калибар 5,45х39 мм.

1. Необоен – стандарден челичен куршум со челична срж.

2. Зелен – трасер, односно обележувачки куршум кој зад себе остава долга црвена линија.

3. Зелен со црвена линија – противоклопен трасер куршум.

4. Црн – противоклопен куршум.

5. Црн со зелена линија – супсоничен куршум за автомат со придушувач.

6. Бел – ќор-фишек за конвенционален автомат кој при дејство се распрскува во цевката на оружјето.

Претходно кај муницијата за АК овие обележја можеа да се најдат по должината на спојот на главата на куршумот со чаурата. Тоа е користено за јакнење на цврстината на куршумот. Меѓутоа, со технолошкиот развој, овој принцип е напуштен.

Погледнете го видеото: Рускиот куршум „Комфорт” ги импресионира Американците

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња