Овој интересен тест можете да го погледнете на нивниот канал на „Јутјуб“.
За мети се избрани на прв поглед неочекувани предмети: полица со пластични садови, силиконска гума, камион-играчка, плишано мече, па дури и мече од желе.
Ни не се работи за специфичен хумор на авторот на снимката. Тие сакаа да покажат како се однесува куршумот кога ќе наиде на различни материјали, вклучувајќи ги и оние кои можат да ја апсорбираат неговата енергија.
Авторите на снимката, покрај тоа, со помош на специјална апаратура ги мереа техничките карактеристики на куршумот.
Резултатите од тестот ги надминаа сите очекувања. Се покажа дека муницијата е прецизна и дека има моќен „убоит“ ефект.
Стручњаците истакнуваат, на пример, дека плишаното мече при падот не само што падна, туку се превртуваше во воздух, што сведочи за распоредување на енергијата во метата.
Еден од најсериозните предизвици за „Комфорт“ беа 30 дебели, со вода натопени и меѓусебно залепени магазини. Но, куршумот и со нив излезе на крај. Ја проби и растури метата речиси до крај, запирајќи на трите последни магазини. Но и тие беа закачени од остатоците.
Заклучокот од оваа тестирање е следниов: сите набројани карактеристики кои во спецификацијата ги наведе производителот, одговараат на реалноста.
Оловниот куршум со полимерна кошулка 12/70 „Комфорт 32” го произведува компанијата „Техкрим” од Ижевск. Наменет е за ловечко оружје. Масата му е 35 грама, од која 32 грама е масата на оловото. Има дополнителен стабилизатор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче