Нема перспектива: Руската армија се откажа од развојот на „паметен“ куршум

Wikipedia
Рускиот воено-индустриски комплекс се определи за развој на хиперсонична стрелечка муниција. Проектот за таканаречен „реактивен самонаведувачки куршум“ е одложен на неопределено време, а прашање и дали воопшто ќе продолжи.

Развојот на домашниот самонаведувачки „паметен“ куршум кој е способен самиот да го коригира својот лет, е одложен на неопределено време, пренесува Интернет-порталот Бог-рата.

„Во согласност со овој проект одработена е фазата на подготвително теоретско истражување. Овие истражувања покажаа дека во блиска иднина ќе биде мошне тешко да се реализира една ваква задача. Значи, оваа тема е одложена на неопределени време“, истакна соговорникот.

Пред две години генералниот директор на Фондот за перспективни истражувања (ФПИ) Андреј Григорјев изјави дека оваа установа работи на конструирање „реактивна снајперска муниција со наведувачко зрно“. Следната 2017 година се огласи и првиот човек на кластерот „Вооружение“ кој се наоѓа во рамките на државната корпорација „Ростех“. Сергеј Абрамов истакна дека на овој проект за наведувачки куршум заедно работат лабораториите на ФПИ и на ЦНИИТОЧМАШ. Според Абрамов експерименталната муниција светлото на денот треба да го види на почетокот на следната деценија (од 2020 година).

Нешто повеќе за наведувачката муниција

Група руски научници смета дека рускиот војник од иднината во својата опрема мора да има управлива „паметна“ муниција. Таа ќе обезбеди такви резултати кои апсолутно е невозможно да се достигнат со стандардните типови муниција. Голем број луѓе мислеа дека оваа муниција ќе има сличен облик како денешната. Тие тргнуваат од претпоставката дека „перспективниот куршум“ ќе се добие од некој вид технолошко унапредување на стандардната муниција. По сѐ изгледа ќе станува збор за куршум со зголемен дострел. Би имал минијатурен погонски систем кој на куршумот би му обезбедил да не отстапува од својата зададена патека. Во таа прилика на целта би се наведувал со помош на ласерски сноп каде сензорите би биле направени со помош на нанотехнологија. Ваквата муниција во својата прва примена би ја имале снајперските тимови.

Муницијата со зголемен дострел во голема мера ќе ја поедностави подготовката на гаѓањето која ни е позната денес. Таа и во снајперска двојка ќе доведе до измена на приоритетот во улогите. Имено, во прв план наместо стрелецот ќе избие неговиот коректор. Тој во своите раце ќе има ласерски озрачувач на целта кој цело време ќе биде фокусиран на метата. Од друга страна, војникот на формациското место стрелец ќе има едноставна задача да го репетира оружјето и да испука ласерски наведувачки куршум во насока на задената цел.

Значи, успешноста на гаѓањето ќе зависи исклучиво од коректорот на огнот. Усвојувањето на ваквата муниција радикално ќе ја поедностави и самата обука на овие тимови. Според воените стручњаци, првите примероци на ваквата муниција се очекува во следните 15-20 години.

И американската DARPA работи на сличен проект

Развојот на самонаведувачки куршуми не е само идеја која се врзува со Русите. Пред четири години американската агенција DARPA соопшти дека развила и тестирала самонаведувачка муниција. Оваа муниција се испукува од стрелечко оружје. Засега не е познато до кој степен на развој на перспективната муниција стасале Американците. Како што гледаме рускиот воено-индустриски комплекс моментално не е заинтересиран за продолжување на реализацијата на овој проект.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња