Од Русија пристигна изненадување: Прикажано ударното беспилотно летало С-70 „Охотник“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Ова е првпат руското беспилотно летало С-70 „Охотник“ да се појави во медиумите, пренесува порталот „Бог-рата“. Леталото ќе има на себе специјални сензори распоредени по неговиот корпус направен во вид на „летечко крило“. Неодамна беше соопштено дека ова летало наскоро ќе ѝ биде прикажано на пошироката јавност, како и тоа дека се во тек последните подготовки за неговиот прв официјален лет.

„Охотник“ го прават во соработка компаниите “Сухој” и “МиГ”. Процените се дека леталото ќе достигнува маса од 20 тони, што е двојно повеќе од тактичкиот ловец од четвртата генерација МиГ-29. Неговата брзина на лет ќе биде супсонична (до 1000 км/ч), додека неговиот максимален долет ќе изнесува 3500 км. Леталото ќе може да се искачи на висина од 10500 метри. Оттаму со високопрецизно оружје ќе може да уништува непријателски копнени цели и да врши операции на воздушно извидување.

Леталото ќе биде направено со технологија која ќе му обезбеди мала радарска рефлексивност-видливост. Убојното вооружување ќе го носи во внатрешните борбени спремници, слично како кај ловците од 5 генерација. Корпусот на беспилотниот апарат ќе биде направен од  композитни материјали. Според руски извори, леталото се наоѓа во завршна фаза на тестирањата, каде се довршува завршниот процес на интеграција на електронските компоненти и неговото конечно калибрирање.

Прочитајте повеќе: Американски експерти: Рускиот ударен дрон од 6 генерација „Охотник“ е најобична фикција