БПЛ „Охотник“
А. КарпенкоВо мај 2018 година за време на парадата на Денот на победата во Москва, руската војска ги прикажа првите офанзивни беспилотни летала што ги има воведено во употреба. Пред тоа, во арсеналот на руската војска имаше само извидувачки дронови.
Новите воздушни убијци го добија називот „Корсар“. Се прават во две варијанти – по класична крилата шема и со ротори, како хеликоптерите.
Разликата меѓу „Корсарите“ е во тоа што оној со роторите може да оперира со која било неуредена платформа – на пример од палуба на брод на море. „Крилатата“ не може да си го дозволи тоа.
Масата на секој одделен примерок изнесува околу 200 килограми благодарение на висококвалитетните композитни материјали, а оператерот со него може не само да врши извидување на реонот, ами и да фрла наведувачки и ненаведувачки проектили на главите на терористите.
Освен тоа, секој дрон може да уништи лесно оклопени цели (вклучувајќи и борбени возила на пешадијата, оклопни транспортери и помали фортификации) и да фрла бомби на растојание до 200 километри од точката на полетување.
БПЛ „Корсар
Виталиј В. КузминНа почетокот на оваа деценија Министерството за одбрана на Руската Федерација издвои околу 50 милиони американски долари за развој на офанзивни беспилотни летала „Алтаир“ со маса до пет тона. Ова летало носи вооружување од сосема друга класа за разлика од „Корсар“.
Станува збор за скапа платформа за дејство на наведувачки проектили „воздух-земја“ која исто така мора да биде заштитена од модерни и од перспективни противнички системи за ПВО со користење на стелт-технологија.
Во моментов производителот на ова летало се води како „строга тајна“ а истото премиерно ќе биде прикажано на руската и на светската година кон крајот на оваа и на почетокот на следната деценија.
Познато е дека во смисла на борбените и тактичко-техничките карактеристики мора да биде во состојба да се носи со американскиот дрон MQ-9 „Reaper“, кој го има направено General Atomics Aeronautical Systems, а кој е во функција од 2007 година и има учествувано во борби во Авганистан.
Со оглед на тоа дека за карактеристиките на „Алтаир“ моментално не е познато ништо освен неговата маса, ќе ги наведеме летните и техничките карактеристики на неговиот главен конкурент – Reaper.
Должина – 11m
Распон на крилата – 20m
Максимална полетна маса – 4.760 kg
Маса на корисен товар – 1.700 kg
Максимална брзина – 400 km/h
Брзина на крстосување – 250 km/h
Долет – 5.900km
Траење на летот – до 28 часа
Плафон на летот – 15.000m
Снага на моторот – 670kW
БПЛ „Алтаир“ („Алтиус-М“)
Министeрство за одбрана на Руска ФедерацијаНајголемата „птичка“ што ја развива рускиот воено-индустриски комплекс е 20 тони супертешкиот ловец „Охотник“, кој, доколку биде успешно проектиран, ќе ја поведе Русија напред во трката за технологија на беспилотни летала.
Техничките нацрти за „Охотник“ се одбрани од страна на Министерството за одбрана во 2012 година. Деталите за проектот не се објавени и тој се води како „строга тајна“ – исто како и „Алтаир“.
„Познато е дека новиот дрон нема да биде само беспилотно летало, ами и ловец од шестата генерација. Најнапредните фронтовски ловци на светот (американските F-22 „Раптор“ и F-35 Lighting II, рускиот Су-57 и кинескиот Ченгду Ј-20) припаѓаат на петтата генерација, вели за Russia Beyond-Македонија воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.
Всушност, овој дрон е со големина на вистински ловец, а ќе биде контролиран од оператор кој ќе седи во воената база пред компјутерскиот екран.
„Земајќи го предвид развојот на модерните технологии и воведувањето на првите алгоритами за вештачка интелигенција во воената опрема, може да се претпостави дека компјутерот на леталото ќе има пристап до функциите на независно носење одлука за уништување на определени цели. Во иднина човекот ќе се труди сè да помине како подмачкано и ќе ја опслужува техниката“, верува експертот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче