Беспилотнo летaло "Форпост" (Searcher Mk II)
Слободан ЃукиќРуската војска наскоро ќе го добие првото ударно воздушно беспилотно летало-извидувач. Имено, во специјализираните единици кои во своето вооружување имаат беспилотни борбени средства во тек е завршниот дел на тестирањата на ударната верзија на беспилотното летало „Форпост-М“. Модернизираното летало во целост ќе биде автономна ударна платформа, поточно прво беспилотно летало со такви карактеристики во руската армија.
На неа ќе биде интегриран современ радар, електрооптиски системи и високорецизни борбени средства. Новата опрема ќе му овозможи на „Форпост-М“ самостојно да открива, да идентификува и да неутрализира цели. Експертите потсетуваат дека со помош на ударните беспилотни апарати може да се решат голем број тактички задачи, а при тоа нема разлика од загуба кај сопствената жива сила.
Руското Министерство за одбрана за весникот „Известија“ потврди дека „Форпост-М“ има можност за напад на копнени цели на непријателот. Исто така, ова летало ќе биде опремено со нов оптичкоелектронски модул за идентификација на различни копнени објекти, вклучувајќи ги тука и непријателските радарски станици.
Применетата техника ќе му овозможи на бедспилотното летало да работи во сите услови на денот и ноќта, без оглед на метеоролошките услови. Примената на новите системи за навигација и идентификација на копнените објекти ќе му овозможи на „Форпост-М“ за во целина да стане автономна ударна платформа.
„Форпост-М“ активно ќе се користи во зоните на борбено патролирање каде самостојно ќе ги решава своите задачи. Новата радарска станица ќе помогне во пребарувањето/скенирањето на околниот терен во потрага по потенцијални мети. Оптичкоелектронскиот блок ќе има задача да фати цел и да изврши негова идентификација. Потоа следува неговата ликвидација со употреба на високопрецизни наведувачки бомби кои се наоѓаат на специјални носачи кои се наоѓаат на беспилотното летало.
Најголемиот квалитет на ударното беспилотно летало „Форпост-М“ ќе биде неговата авионика, која според авторот на текстов, ќе биде без конкуренција во светот. Поточно, домашниот бесплатформски инерцијален навигациски систем (БИНС) ќе му овозможи на леталото да изведува задачи без конекција со системите за глобално позиционирање ГЛОНАСС и ГПС. Ова е мошне во условите на современото боиште каде постои цел спектар противелектронски системи и средства за ПВО.
Ударниот беспилотник „Форпост-М“ ќе претставива исклучително голема опасност за непријателските единици на фронтот. Борбените тестирања од овој тип летала во Сириската војна покажаа дека нивните радарски и оптичкоелектронски системи одлично откриваат камуфлирана оклопна техника, артилериски системи, огнени точки и командни пунктови на непријателот. Модернизираниот дрон сега доби можност и да ги уништи овие цели.
Руските конструктори забележале дека одлична појдовна точка за развој на ударно беспилотно летало е основната варијанта на „Форпост“ која инаку е направена врз основа на претходно купените израелски беспилони летала Срчер Мк II. Руските конструктори го унапредија ова летало со опрема која е исклучиво од домашно потекло, и тоа доби нова ознака „Форпост-М“. Ознаката М се однесува на фактот што ова летало има поминато длабока модернизација во однос на претходниот модел.
Врз основа на спецификација „Форпост-М“ ќе може да изведува борбени задачи во радиус од 250 километри од командниот пункт со операторот. Леталото ќе може да развие брзина нешто поголема од 200 километри на час, а нејзиното вкупно време кое ќе може да го помине во воздух ќе изнесува речиси 17 часови активен лет. „Форпост-М“ ќе биде тежок околу 450 километри, а неговиот плафон на лет ќе изнесува 5.000 метри.
Кога станува збор за применетото вооружување „Форпост-М“ ќе носи специјално конструирани „паметни“ бомби. Тоа ќе се наоѓа во контејнерите кои ќе бидат направени според технологија која ќе овозможи „намалување на радарска видливост“. Беспилотното летало ќе носи две вакви бомби. Но, некои подетални податоци за видовите борбено вооружување и корисната носивост на ова летало не се познати за пошироката јавност, и за нив главно се шпекулира. Се претпоставува дека „Форпост-М“ ќе може да носи најмалку 100 килограми борбен товар.
Современите армии не може да се замислат без употреба на ударни беспилотни летала, истакнува воениот експерт Антон Лавров.
„Со помош на ударните беспилотни летала можеме да решаваме огромен број тактички задачи, без да ризикуваме загуби на нашите луѓе“, истакнува стручњакот. „Наведувачкото борбено оружје ќе овозможи високоефикасно неутрализирање на стационарните цели, како што се на пример утврдени огнени точки на непријателот, или положби каде се стационирана воена техника“.
Руската армија е подготвена во своето вооружување да прими уште потешки ударни беспилотни апарати од тактичкиот „Форпост-М“. Во овој момент активно се тестираат првите домашни ударни беспилотни летала со голем дострел „Алтаир“ и „Охотник“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче