Руската армија преминува на нови повеќецевни ракетни системи

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Руската армија во текот на 2019 година ќе добие преку 40 нови артилериски системи. Се работи за самоодни повеќецевни ракетни лансери и самоодни хаубици со автоматска контрола на огнот.

Како што наведува „Дифенс Блог“, во вооружувањето ќе влезат реактивните повеќецевни системи од типот на „Торнадо-Г“, „Торнадо-С“ и самоодните хаубици „Мста-СМ“.

„Торнадо-С“ е унапредена верзија на самоодниот повеќецевен ракетен лансер „Смерч“ и би требало на крајот на годината целосно да го замени. Користи сателитски навигациски систем е ГЛОНАСС и наведувани ракети, со помош на кои е во состојба да погодува цели на растојанија од 120 километри.

„Торнадо-Г“ е модернизиран „Град“. Се карактеризира со зголемена ефикасност на огнот и моќна муниција. Освен тоа, опремен е со автоматизирани системи за наведување и контрола на огнот, а поседува и софистицирана навигациска опрема.

„Мста-СМ“ со калибар од 152 милиметри е унапредена верзија на самоодната хаубица „Мста-С“, која има брзина на гаѓање од осум проектили во минута. Оваа унапредена хаубица е во состојба да дејствува уште побрзо.

Прочитајте повеќе: Нешионал интерест: Русите се фалат со технологија која е стара речиси 40 години