Руски воен експерт го претстави најновиот систем кој ќе биде „смрт“ за непријателската артилерија

Слободан Ѓукиќ
Рускиот систем за артилериско извидување и за контрабатирање 1Б75 „пеницилин“ е за цела генерација пред останатите системи со слична намена. Тој на фронтот е невидлив, има голема брзина на пресметување на сите елементи потребни за контрабатирање, и директно е поврзан со артилерсико-ракетните средства за повратен удар.

„И кај нас, но и кај Американците, постојат системи кои како по траекторија на граната, така и по нејзините балистички параметри, ја пресметуваат точната локација од којa е таа испукана, со што се открива артилериската положба на непријателската батерија“, подвлекува Дрозденко. Овие системи кои се направени за ваква специфична намена се на пример испорачани на украинската армија од страна на САД. Но, во ниту еден случај тие не можат да се споредат со руската верзија на системот за контрабатирање.

„Сите војски во своето вооружување имаат слични системи кои треба да си парираат еден на друг. Денес сите имаат тенкови, но само ние ја имаме Армата. Според тоа суштината е во квалитативната разлика“, истакнува воениот стручњак.

Една од предностите на рускиот систем 1Б75 „Пеницилин“ во однос на конкуренцијата е што тој функционира во целосно пасивен режим на работа. Огнените точки на непријателот ги открива со помош на звук и на оптичко-електронски уреди, така што радар не му е потребен: „Значи тој на фронот е невидлив за непријателските радари, а истовремено е мошне прецизен“, категоричен е Дрозденко.

Покрај овој исклучително важен показател, рускиот систем за откривање на артилериските позиции на непријателот, поседува мошне брз процесор за обработка на податоци кој за само неколку секунди по детекцијата на испукувањето ја пресметува точната локација од каде е тоа извршено. „Ова е вториот клучен елемент што го поседува овој систем. Што побргу се добијат податоци за координатите на артилериската позиција на непријателот, толку побргу ќе биде нанесен повратен удар, што ќе оневозможи поместување на непријателското оружје на следната положба“, истакнува Дрозденко.

Покрај овие две клучни точки кои ја претставуваат основата на квалитетот на системот „Пеницилин“ мошне важен е и показателот на брзината на премин од маршова во борбена положба и обратно: „Откако ќе дојде во реонот на активните воени дејствија, тој мошне брзо може да позиционира и активно да започне набљудување на боиштето“, вели експертот.

1Б57 „Пеницилин“ е наменет за откривање воени позиции на непријателот кои користат цевна, но и реактивна артилерија. Покрај ова, комплексот може да открие и позиции на ракетните системи на противвоздушната одбрана како и положбите од каде се лансираат тактички ракети земја-земја. Оперативниот дострел кој го покрива „Пеницилин“ изнесува 25 километри во длабочината на непријателскиот фронт. Тој може во зоната на својот оперативен дострел, без оглед на интензитетот на дејството, да регистрира и да обработи дури 90% од непријателските огнени позиции кои се наоѓаат во растресит распоред, по ширината и по длабочината на фронтот.

Значи, според рускиот воен експерт во денешна доба поседувањето на вакви средства е исклучително важна работа. Денес артилеријата е мошне мобилна, а еден од главните елементи во тактиката на употребата на современата артилерија е брзата промена на позицијата по дејството.

Досегашните средства за артилериско извидување се надминати зашто поседуваат примитивни методи за набљудување. „Можеме да ја земеме за пример нашата самоодечка хаубица Коалиција. Таа врз непријателот брзо испукува 2-3 гранати и веднаш ја напушта борбената позиција. Ја напушта својата положба без да ги дочека ефектите од своето дејство, практично додека гранатите се сè уште во воздух. На тактички план исто така дејствуваат и модернизираните фрлачи на ракети со повеќе цевки Торнадо-Г и Торнадо-С“, потсетува соговорникот.

Покрај рускиот воено-индустриски комплекс, и Американците доста работат на овој план. Сепак, според Дрозденко, тие заостануваат зад руските средства. „Како што би рекол јас, тие се изолирана држава. Се граничат само со две држави на север и на југ, додека од запад и од исток ги штити океанот. Имаат силна воена морнарица, но ако зборуваме за силата на копнениот борбен состав, тука далеку заостануваат. Кај нас работата е обратна. Копнената војска е исклучително силна и има многу поголема традиција од Американците кога станува збор за борба на копно“, појаснува експертот.

„Во согласност со оваа теза можеме да кажеме дека во овој момент системот Пеницилин претставува апотеза кога станува збор за областа на артилериско извидување и контрабатирање. Тој мошне брзo и прецизно може да ја лоцира огнената артилериска позиција на непријателот, користејќи ги пасивните средства за набљудување. Покрај тоа, Пеницилин за мошне пократок период преминува во борбена позиција за набљудување. Во време кое се мери во секунди ги обработува сите податоци поврзани со откриената непријателска позиција и испраќа готови елементи на артилериско-ракетните единици за контрабатирање. Сево ова остава минимални шанси на непријателот да се извлече“, констатира експертот.

На крајот потсетува дека американскиот воено-политички информативен портал „Нешионал интерест“ има објавено материјал за рускиот автоматизиран систем за артилериско извидување 1Б57 „Пеницилин“. Изданието потсетува дека овој систем има „способност да ја уништи тешката артилерија која се наоѓа во вооружувањето на Војската на САД“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња