Видео: „Искандер“, „Ураган“, „Мста“ , „Зумбул“ денеска го слават својот празник

YouTube
Почетокот на гигантската операција под кодно име „Уран“ во кој е опколена и уништена елитна германска нападна групација со јачина на армија се слави како Денот на сите ракеташи и артилерци. Денес овој празник се одбележува 76-ти пат. По тој повод Министерството за одбрана на РФ објави и видеоматеријал посветен на современите артилериско-ракетни средства кои се наоѓаат во руската армија.

Денес, 19 ноември, во Русија се одбележува Денот на ракетната војска и артилеријата. Празникот посветен на „божицата на војната“ (како што ги нарекуваат артилерците и ракетарите) се одржува од 19 ноември 1942 година, кога првите плотуни на советските „Катјуши“ и тешки артилериски орудија на Црвената армија се срушија врз главите на шокираните фашисти кај Сталинград.

Почетокот на гигантската операција под кодно име „Уран“ во кој е опколена и уништена елитна германска нападна групација со јачина на армија се слави како Денот на сите ракетари и артилерци. Денес овој празник се одбележува 76 пат.

Инаку, во пресрет на празникот руското Министерство за одбрана на својата официјална страница објави збирка единствени историски документи од Централниот архив за артилерците кои одиграа посебна улога во Големата татковинска војна. Меѓу другото, прикажани се и  документи за поручникот Петар Ефимович Тодоровски, кој по војната стана познат режисер и народен уметник на РСФСР.

Руското Министерство за одбрана објави и видеоматеријал посветен на современите артилериско-ракетни единици и нивните орудија кои се актуелни денес. Руското артилериско и ракетно вооружување кое се наоѓа во оперативните единици на руската армија е многу ценето во светот, а многу орудија произведени од руската воена индустрија немаат адекватна меѓународна конкуренција. Во видеоматеријалот се прикажани различни типови повеќецевни ракетни лансери со кои руската армија е надалеку позната (практично нејзиниот заштитен знак), потоа самоодни и влечни артилериски орудија, минофрлачи и топови.

Покрај нив, прикажани се и високотехнолошки оперативно-тактички, крајбрежни (противбродски) и противтенковски ракетни системи, како и високопрецизната артилериска муниција за хаубиците „Краснопољ“. На видеоматеријалот може да се види како денешните артилериски екипажи ракуваат со современи средства и колкав е степенот на нивната борбена обученост.

Погледнете ја целата моќ на руските ракетни и артилериски единици во една видео-снимка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња