„Тајфун ВДВ“ К-4386
Виталиј В. КузминЗа основа е избран блиндираниот автомобил „Тајфун ВДВ“ К-4386. Тој има одлични маневарски карактеристики и сигурен оклоп. Тежи 14 тони, а благодарение на моторот од 350 коњски сили може да развие брзина од 100 км/ч и во марш да помине 1200 километри.
На покривот на борбеното возило ќе биде монтиран модул со минофрлач калибар 82 мм со дострел до 6000 метри. Минималното растојание на кое дејствува ова орудие е 100 метри.
Самоодниот минофрлач има рекордна брзина на гаѓање – во една минута може да истрела 12 мини, а во комплетот на едно орудие има 40 мини.
Според некои информации, предвидена е можност за демонтирање на минофрлачот и негова примена независно од возилото во случај на потребна. Екипажот на самоодното возило се состои од четири лица.
„Дрок“ за самоодбрана е вооружен со митралез кој може да се монтира на куполата или во борбениот модул со далечинско управување. Предвидено е и монтирање на систем за оптичко-електронски отпор кој во случај на потреба може да го прекрие орудието со густ аеросолен облак и да го заштити од високопрецизни проектили.
Според мислењето на воените експерти, 2С41 ќе овозможи значително зголемување на огнената моќ и мобилноста на артилериските средства на ниво на баталјон.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче