Неодамна нашиот Интернет-портал објави вест за примена на нови намази од композитни материјали со кои ќе се третираат новите повеќенаменски борбени авиони од шестата генерација Су-57 и стратешките бомбардери-ракетоносци Ту-160 „Бел лебед“. Имено, новите намази со кои ќе бидат третирани корпусите на леталата каде се наоѓа пилотската кабина ја намалуваат рефлективноста на радарските бранови за една третина во однос на досегашните резултати.
Но, американскиот Интернет-портал „Нешионал интерест“ пишува дека „“опишаната технологија што ја претстави 'Ростех' не е некоја новина“ и дека „многу борбени авиони во светот користат слични премази со цел намалување на својата радарска рефлективност“. Борбените летала за кои многу како источни, така и западни воени експерти сметаат дека се последен збор на воздухопловната техника, според авторите од овој портал е направена со помош на „прастара“ технологија.
Како пример е наведен основниот американски ловечки авион F-16 за кој во рамките на проектот Have Glass е направен специјален премаз на база на оксид на индиум уште во осумдесеттите години од минатиот век. Според дополнителните информации кои во својот текст ги соопшти „Нешионал интерест“, со слични премази се третирани и ловечките авиони од петтата генерација F-22 и F-35, пренесува Взгљад.
Според мислењето на американските специјалисти, употребата на специјален премаз за намалување на радарската видливост на авионите требала да биде воведена веднаш, уште во фазата на проектирањето на самиот авион, што укажува на фактот дека овие борбени авиони се правени според технолошка постапка која е надмината. Тие не можат да се споредуваат со борбениот квалитет на нашите авиони од петтата генерација, но ни со ловците кои се произведуваат во НР Кина, заклучуваат авторите на оваа публикација.
Потсетник
Специјалниот композитен премаз ќе биде употребен на авионите Су-57, Су-30, Су-34, Су-35, МиГ-29К и Ту-160. Премазот се нанесува во ултратенок слој со дебелина од 70 до 90 нанометри, кој покрај апсорпцијата на радиобрановите има способност да го заштити пилотот од ултравиолетово зрачење, од високи температури и од останатите негативни фактори кои можат да се појават за време на изведување на борбената задача. Како што нагласуваат во државната корпорација „Ростех“, новиот материјал овозможува намалување на ефектот на топлотна сончева радијација за три пати, а на ефектот на ултравиолетово зрачење за 4 до 6 пати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче