Зошто му требаат на Виетнам руски ловци од петта генерација Су-57?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Намерата на Виетнам да купи 12 руски авиони-ловци од петтата генерација Су-57 ги поттикна стручњаците да ги разгледаат воените потенцијали на земјите од Југоисточна Азија. Аналитичарите сметаат дека овој ултрамодерен авион ќе го направи Военото воздухопловство на Виетнам едно од најсилните во регионот.

„Бидејќи на Виетнам му недостигаат воздушни системи за надзор и контрола (AWACS) како што е А-50, софистицираните сензори од Су-57 ќе му дадат ниво на ситуациска свест без преседан. Оперативниот долет и висина на овој авион го прават одличен ловец над Кинеското море, во кое значително порасна военото присуство на Кина“, наведува „Милитари Воч“.

Ловец Су-57, вооружен со далекуметни ракети Р-37 со дострел од 400 километри, би можел да претставува сериозен предизвик за кинеската воздушна супериорност.

Освен тоа, широкиот офанзивен потенцијал на Су-57 му овозможува да биде вооружен со хиперсонични балистички ракети Х-47М2 „Кинжал“. Овие нови ракети се многу поефикасни од застарените виетнамски ракети „Скад“. Новата ракета лета кон метата со десет пати поголема брзина од брзината на звукот, а високата маневарбилност и прецизноста ја прават „многу смртоносна платформа за тактички напад“. Покрај тоа, таа е практично недопирлива за пресретнувачките антиракетни системи. Хиперсоничните ракети не само што можат да погодуваат копнени воени цели, туку и непријателски бродови, при што се во состојба со еден удар да ги исфрлат од строј дури и најголемите носачи на авиони.

Според мислењето на стручњаците, со набавка на руски Су-57, Виетнам исто така го поттикнува Сингапур да го замени својот остарен инвентар ловци Ф-16 со нови американски стелт-ловци Ф-35А.

Прочитајте повеќе: Руски експерт: Су-57 е подобар авион од американскиот F-35, но проблемот е што ги има премалку