Видео: Погледнете како руски академик го претвора Су-57 во совршен борбен комплекс

Слободан Ѓукиќ
Раководителот на програмата за развој на специјални летечко-технички и тактички перформанси на ловецот од петта генерација Су-57 академик Андреј Лагарков, го прими новинарот на ТВ „Ѕвезда“ во софистицираната „глува соба“ каде што се вршат најсложените тестови кога е во прашање испитувањето на радарската невидливост (стелтност) која ќе биде една од најважните одлики на овој авион.

На интернет се појави видеоснимка од тестирањето на повеќенаменскиот авион-ловец од петта генерација Су-57, кога е во прашање радарската невидливост. Тестот е изведуван во „глувата соба“, која според своите димензии е најголема во Руската Федерација. Тоа е всушност просторија чии ѕидови се обложени со специјални материјали кои во апсолутни величини ги „впиваат“ радиобрановите, т.е. не им дозволуваат да се рефлектираат (одбиваат) од ѕидовите.

Тестирањата помогнаа да се одреди колку трупот на перспективниот руски авион е ефикасен во расејувањето на електромагнетните бранови кои ги испуштаат противничките радари. Во овој случај проверката се вршеше врз стаклото на пилотската кабина. На неа беше нанесена специјална покривка која ги менува главните карактеристики на електромагнетните бранови.

„Специјалната покривка е нанесена на целиот корпус на леталото. Се разбира, ние можеме да го направиме комплетното тело на леталото од материјал кој апсорбира радиобранови, но тука се јавува проблемот на неговата цврстина“, изјави за ТВ-каналот „Ѕвезда“ раководителот на специјалната програма за подобрување на тактичко-техничките карактеристики на Су-57 академик Андреј Лагарков. Тој нагласува дека по истиот пат тргнале и конструкторите на американскиот стратешки бомбардер B-2 „Spirit“ (Дух), каде поради пренагласената употреба на специјални материјали, но и карактеристичната форма на „змеј“, летечко-техничките карактеристики на авионот станале неважни. Сето тоа влијаело и на димензиите на внатрешните отсеци за сместување на убојни средства, што значително го намалило спектарот на применетото вооружување. На тој начин „Духот“ е неспособен, на пример, да лансира ракета.

Кај Су-57 сѐ е во најдобар ред, како со летечко-техничките параметри, така и со цврстината на самата конструкција на авионот. На претходните тестови летачкото крило на ловецот составено од композитни материјали издржа оптоварување поголемо од проектираната мера.

Прочитајте нови детали за Су-57: Руското летало има способност истовремено да зафати до 30 воздушни цели?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња