Инженерите на КБ „Рубин“ направија подморница потивка дури и од „Црната дупка“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во тек е тестирање на првата подморница од класата 677 Б-585 „Санкт Петербург“ (НАТО кодификација „Лада“) која многу покомпликувано ќе се пронаоѓа од подморниците од класата 636 „Варшавјанка“.

„Завршните испитувања на новата подморница „Санкт-Петербург“ покажаа дека нејзините карактеристики на незабележлива пловидба се значително подобри од подморницата од класата 636 која со право ја нарекуваат „Црна дупка“, изјави за РИА „Новости“ генералниот директор познатото „Адмиралитетско бродоградилиште“ во Санкт Петербург Александар Бузаков, пренесува интернет порталот „Взгљад“. Тој притоа изрази голема надеж дека ќе продолжи понатамошното производство на подморници од класата „Лада“. Планирано е освен подморницата Б-585 „Санкт Петербург“ до крајот на 2021 година во целост да се комплетираат уште две подводни пловила од оваа класа - Б-586 „Кронштат“ и Б-587 „Великие Луки“.

Генералниот директор на Конструкторското биро „Рубин“ напомена дека конструкторите на оваа компанија направиле нова ненуклеарна подморница са анаеробен погон. „Се надеваме дека ќе пристапиме кон реализација на овој проект во најскоро време“, истакна Бузаков.

Дизел-електричната подморница од класата 677 „Лада“ спаѓа во четвртата генерација борбени подморници кои како погон не користат нуклеарен реактор. Нејзината основна намена е „лов“ на други подморници, површински бродови, уништување на крајбрежни воени објекти на условниот непријател, формирање подводно минско поле, транспорт на персонал и товар за специјална намена.

Овие подморници ги карактеризира високиот степен на автоматизација и ниското ниво на шум при пловидбата. Оваа серија подморници може да се опреми со крстосувачки ракети „Калибар-ПЛ“, со различни типови торпедно вооружување, вклучувајќи и торпеда-ракети и системи за ПВО. Работната длабочина на подморницата ќе изнесува 350 метри.

Бузаков уште во 2015 година соопшти дека подморницата од четврта генерација од класата 677 „Лада“ според својствата на ниско емитување на шум при пловидба го надминала проектот 636 „Варшавјанка“.

Прочитајте повеќе: Атомскиот дрон „Посејдон“ ќе плови побрзо од 100 јазли на длабочина од 1000 метри?