Атомска ракетна подморница од проектот 885 (08850) „Јасен“
Слободан ЃукиќМагазинот наведува дека првите тестирања на торпедото „Статус-6“ се одржани на 27 ноември 2016 година. Резултатите од тестирањето не се познати.
Сепак, американските аналитичари сметаат дека торпедата на нуклеарен погон можат да се движат со брзина од 90 јазли на длабочина до илјада метри. Дострелот на „Статус“ е 10 илјади километри, а големината на неговиот боев дел е со должина од 6,5 метри.
Според податоците со кои располагаат Американците, во боевиот дел на торпедото може да се наоѓа термонуклеарно полнење со сила до 100 мегатони. Доколку тоа би експлодирало во близина на американскиот брег, би предизвикало џиновско цунами кое од лицето на земјата би ги збришало американските крајбрежни држави заедно со морнаричките и воздухопловните бази. Освен тоа, на местото на експлозијата би настанале зони со радиоактивно загадување, неповолни за живот за подолг период.
Освен подморницата „Саров“, како потенцијални носачи на торпедото на „судниот ден“ се споменуваат и подморниците „Белгород” од проектот 09852 „Антеј” и „Хабаровск” од проектот 09851.
Подморницата „Саров” е единствената подморница од проектот 20120. Направена е врз база на трупот на подморницата од проектот „Сарган“ од доцните 80-ти. Спуштена е во вода во декември 2007 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче