Како што соопштува интернет порталот РГ, неименуван извор од воено-индустрискиот комплекс изјавил дека нуклеарниот подводен дрон ќе се движи со брзина од 110 јазли (над 200 км/час). Негова платформа, судејќи според сѐ, ќе биде една од нуклеарните подморници кои се наоѓаат во вооружувањето на руската војска.
Таа ќе го отфрли како авион кој лансира ракета, по што се пали основниот маршовски мотор. „Посејдон“ ќе може да достигне вакви вредности на својата брзина на длабочина од 1000 метри, што го прави исклучително опасен, практично недофатлив подводен објект. Достигнувањето и одржувањето на оваа брзина, која е исклучителна кога е во прашање движење низ водена маса, ќе го овозможи воздушниот меур кој ќе се создаде околу објектот. Овој ефект значително ќе го намали отпорот на водата кој настанува при движење.
Најголемите вредности на брзина постигнати во услови под вода аи понатаму ги држи руската ракета-торпедо „Шквал“ која со своите 370 км/час и понатаму претставува недостижна граница. Меѓутоа, таа има ограничен дострел (до 13 км), и може да се употребува на мали длабочини кои не надминуваат 30 метри.
Кога е во прашање подводниот нуклеарен дрон-торпедо „Посејдон“, освен работната длабочина од 1000 метри, зборуваме и за дострели кои ќе достигнуваат фантастични бројки од неколку илјади наутички милји.
Уште една многу важна работа што ќе ја поседува „Посејдон“ е способноста за маневрирање како по курс, така и по длабочина (како вистински дрон). Сите овие карактеристики му овозможуваат да биде практично незапирлив, поточно во овој момент не постои противоружје или подводен пресретнувач кој би можел да го загрози.
Неодамна се појавија информации за почетокот на подводните тестирања на руското дрон-торпедо „Посејдон“. Тие ќе се изведуваат во морски/океански услови, на полигони кои се вмрежени со ултрачувствителни сензори за откривање објекти под вода.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче