Американски аналитичари: „Казањ“ е досега најмоќната руска подморница со која ќе си имаме работа

Слободан Ѓукиќ
Според пишувањето на американскиот интернет медиум „Национален Интерес“ (National Interest) спуштањето во вода на најновата руската нуклеарна напаѓачка подморница „Казањ“ (проект 885-М „Јасен-М“) претставува сериозен проблем за американската Воена морнарица.

Американскиот контраадмирал Дејв Џонсон, зборувајќи за руската подморница „Казањ“, нагласи дека САД се соочуваат со „потенцијално суров противник“, пренесува од „Национален Интерес“ рускиот интернет портал „Взгљад“.

„Доволно е само да се обрне внимание на „Северодвинск“, истакна  Џонсон.

Дека се работи за навистина сериозна опасност од американски аспект, сведочат и зборовите на командантот на американската Воена морнарица во Европа Џејмс Фог.

„Ако го погледнете денешниот развој на руската Воена морнарица, главните финансиски средства се употребуваат за јакнење и понатамошно унапредување на нејзината подводна компонента“, истакна тој.

Исто така, неодамна и американскиот воен аналитичар Мајкл Кофман, кој работи во американскиот Центар за военопоморска анализа ја окарактеризира  руската нуклеарната подморница „Казањ“ како „најмоќната непријателска подморница со која воената морнарица на САД кога било си имала работа“.

Изданието „Национален Интерес“ констатира дека и покрај тоа подводната компонента на САД и понатаму е во предност во однос на рускиот конкурент.

Во вторникот повеќенаменската напаѓачка нуклеарна подморница „Казањ“ беше спуштена во вода заради спроведување на фабрички испитувања. Според различни процени, руската Воено-морска флота (скр. ВМФ) планира до 2020 година да воведе во вооружување седум подморници од типот „Јасен“, од кои шест ќе бидат изработени врз основа на модернизираниот проект 885М.

Прочитајте повеќе: Најновата руска подморница првпат излезе на море (ФОТО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња