Повеќенаменските офанзивни подморници од класата „Јасен“ се најсовремените подморници на руската Воена морнарица. Според своето вооружување тие ги надминуваат американските пандани – нуклеарните подморници од класата „Seawolf”, а мошне големиот топчест сонар во носот на „Јасен“ не само што ја промени композицијата на подморницата, туку ѝ даде и исклучителни можности за откривање на цели.
Главната подморница на проектот - „Северодвинск” – е првата руска подморница со топчеста антена на сонарот наместо вообичаената цилиндрична. Огромниот сонар „Иртиш-Амфора” го зазема целиот носен дел на подморницата, кој е проширен како булбниот прамец кај супертанкерите. Затоа НАТО ѝ го даде на подморницата називот Yankee Big Nose.
За торпедниот апарат, кој обично се наоѓа во овој дел на подморницата, е пронајдено друго место: 10 цевки за лансирање на торпеда се распоредени бочно по должината на средниот дел на трупот. И тоа не паралелно со надолжната оска на подморницата, туку лепезасто, за лансираните торпеда не го закачат масивниот нос на подморницата во која се наоѓа ултрасензитивниот сонар.
„Можно е трите последни торпедни цевки од секоја страна да се поставени под агол надолу заради гаѓање на оддалечени цели“, пишува Covert Shores. Кај секоја цевка се наоѓаат автоматизирани механизми за нивно полнење. Арсеналот на „Јасен“ го сочинуваат 30 самонаведувани електрични торпеда УСЭТ-80, со тоа што можат да бидат заменети и со помодерните торпеда „Физик” и „Футљар”.
Главното вооружување на подморницата се, сепак, вертикалните лансери за крстосувачките противбродски ракети „Оникс” и „Калибар”, кои се наоѓаат поблиску до крмата. „Јасен” може да гаѓа со овие ракети како од позиција додека плови по површината на водата, така и под неа. Во осумте модули можат да се сместат 32 „Оникси” или преку 40 покомпактни ракети „Калибар”. Арсеналот ракети со различни карактеристики (суперсоничниот „Оникс” и далекуметниот „Калибар”) му дава на екипажот на подморницата поголеми можности при вршењето на борбените задачи.
Од долната страна на подморницата се наоѓаат шест лансери за минијатурни торпеда-мамци. Четири се наоѓаат под торпедните цевки, а два во крмата. Во случај на опасност овие мали торпеда со калибар 324 мм ќе го привлечат на себе оружјето кое претставува опасност за подморницата. Пред командниот мост во трупот на подморницата е вградена повеќестепена капсула за спасување, во која може да се смести комплетната посада. Во неа се предвидени неколку простории за декомпресија при изнурнувањето од голема длабочина.
Во состав на Воената морнарица на Русија се наоѓа уште една подморница од класата „Јасен”, а тоа е нуклеарната подморница „Северодвинск”. Втората подморница, која е изградена врз основа на модернизираниот проект исклучиво од делови од руско производство - нуклеарната нуклеарна подморница „Казањ” – се наоѓа на фабрички тестирања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче