Руски генерал со осврт на стратешки важните задачи кои ги исполни руската армија во 2018 година

Global Look Press
Направивме непробоен радарски штит околу цела Русија, комплетиравме повеќе од 20 ракетни полкови кои се вооружени со „Триумфи“, ја тестиравме тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ и го почнавме сериското производство на ракетите „Авангард“, наведе генерал Валериј Герасимов.

„Сакам да ве известам дека изградивме непробојно радарско поле околу границите на Руската Федерација. Како резултат на оваа работа обезбедивме гарантирано откривање на балистички ракети на сите опасни коридори без оглед на траекторијата на нивниот лет“, изјави генерал на армија Валериј Герасимов, пренесува интернет порталот „Взгљад“.

Тој исто така соопшти дека е во тек етапата на преоружување на противвоздушните ракетни полкови со најсовремените системи С-400, кои имаат зголемени способности кога е во прашање пресретнувањето на воздушни цели: „Во моментов на борбено дежурство имаме повеќе од 20 комплетирани противвоздушни ракетни полкови кои се опремени со „Триумфи“, нагласи генералот.

Истовремено, вкупниот број на војници под договор во рамките на руската армија на крајот на 2018 година ќе ја достигне бројката од 384 илјади луѓе, а заситеноста на единиците со најсовремени типови вооружување перманентно расте и достигнува 61,5%. Тој напомена дека кон крајот на 2020 година овој показател ќе биде доведен на респектабилни 70%.

Герасимов исто така рече дека оваа година во единиците на руската Воена морнарица влегле два нови брода - фрегатата „Адмирал Горшков“ и големиот десантен брод „Иван Грен, како и дека до крајот на 2018 година во нејзиниот состав ќе влезат уште 13 бродови и чамци. Покрај тоа, Министерството за одбрана на Русија во 2018 година успешно ја тестираше и тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, а започна и сериското производство на ракетите „Авангард“ кои во својот состав имаат планирачки крстосувачки блокови вооружени со термонуклеарни боеви глави.

Прочитајте повеќе: Руската армија во функција го пушти задхоризонталниот радар со домет од 3000 километри

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња