Експертот нагласува дека новото оклопно возило, вооружено со наведувани ракети „Атака-Т“, митралез и топ калибар 30 мм со голема брзина на стрелба, може ефикасно да ги поддржува „класичните“ тенкови и оклопните транспортери во борба. Американските аналитичари исто така очекуваат дека на меѓународниот пазар на оружје „Терминатор“ ќе биде многу баран.
„Терминатор“ би можел да претставува исчекор на пазарот на оружје особено во земјите принудени да се борат против бунтовници на напристапен терен. Иако таквите нарачки не би биле големи, тие секако би биле профитабилни, смета стручњакот за руска војска на Центарот за воено-поморска анализа Мајкл Кофман.
Според неговото мислење, новиот руски концепт подразбира борбена машина за поддршка на тенкови во мешан состав на тенковски единици. Нејзината задача е да ја открива и оперативно уништува секоја цел која претставува закана за тенковите.
Двата автоматски фрлачи на гранати со калибар 30 мм и митралезот со калибар 7,62 мм во пар со топовите покажаа дека можат да ја „косат“ непријателската жива сила. За борба против непријателската оклопна техника и постојани огнени гнезда се предвидени четирите суперсонични ракети „Атака-Т“.
Во овој момент перспективата на борбената машина за поддршка на тенкови зависи првенствено од тоа како таа ќе се покаже во реална борба, убеден е американскиот аналитичар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче