Расте загриженоста на американските воени аналитичари: Во случај на судир Русија е во предност

Виталиј В. Кузмин

Американските воени аналитичари ги загрижува фактот дека во случај на судир со Русија или Кина американската војска би морала да смета дека другата страна ќе користи средства за радиоелектронска борба, се вели во документ на Центарот за процена и проучување на воените операции на армијата на САД.

„Замислете си дека следната војна САД треба да ја водат против приближно рамноправен противник, да речеме, Кина или Русија. Како што потврдуваат прогнозите, најверојатно во тој случај главниот или еден од клучните аргументи на двата американски противника на боиштето би била употребата на електромагнетно зрачење“, се вели во документот. Стручњаците притоа се уверени дека борбена предност ќе има онаа земја која поефикасно користи средства за радиоелектронска борба.

Претходно експертот на американскиот Центар за воено-поморска анализа Семјуел Бендет изјави дека Русија во сферата на средствата за радиоелектронска борба е супериорна во однос на САД. Според него, на Вашингтон ќе му треба време да го елиминира заостанувањето. Како што веќе беше пишувано во медиумите, за борба против евентуална „руска закана“ во Европа САД планираат развој на оружја со голем дострел.

Прочитајте повеќе: Да се заслепи и поништи: Топ 5 руски системи за радиоелектронска борба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња